Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Тимската работа подразбира да соработувате како пилот и копилот со ист план на летање

ЗА БРАЧНИ ДВОЈКИ

2. Тимска работа

2. Тимска работа

ШТО ЗНАЧИ ТОА

Кога соработуваат како тим, мажот и жената се како пилот и копилот со ист план на летање. Дури и кога ќе дојде до проблеми, секој од нив размислува што ќе правиме „ние“, а не што ќе правам „јас“.

БИБЛИСКО НАЧЕЛО: Повеќе не се две, туку едно тело (Матеј 19:6).

„Бракот не е соло изведба. Мажот и жената мора да соработуваат заедно за нивниот брак да успее“ (Кристофер).

ЗОШТО Е ВАЖНО

Кога ќе се појави проблем во бракот, мажот и жената кои не соработуваат како тим се посклони да се напаѓаат еден со друг наместо проблемот. Така, дури и малите недоразбирања можат да прераснат во големи проблеми.

„Тимската работа е многу важна за еден брак. Доколку јас и маж ми не бевме тим, ќе бевме како цимери кои само живеат заедно, но имаат сосема различни гледишта кога станува збор за важни одлуки“ (Александра).

ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ

ПРЕИСПИТАЈ СЕ

  • Дали на парите што ги заработувам гледам како на „мои пари“?

  • За вистински да се релаксирам, дали морам да бидам подалеку од брачниот другар?

  • Дали ги избегнувам роднините на мојот брачен другар, иако тој е близок со нив?

РАЗГОВАРАЈ СО СВОЈОТ БРАЧЕН ДРУГАР

  • На кои полиња од нашиот брак добро соработуваме како тим?

  • На кои полиња може да се подобриме?

  • Кои чекори може да ги преземеме за уште подобро да соработуваме како тим?

ПРЕДЛОЗИ

  • Дали твојот брак личи на тениски меч во кој ти и сопружникот играте еден против друг? Ако да, што можеш да направиш за повеќе да личи на тениски меч во кој играте заедно како тим?

  • Наместо да мислиш: „Како можам јас да победам?“, прашај се: „Како можеме ние да победиме?“

„Не размислувај за тоа кој е во право. Многу поважно е да има мир и единство во бракот“ (Итан).

БИБЛИСКО НАЧЕЛО: Не грижете се само за себе туку и за другите (Филипјаните 2:3, 4).