2023
Одбележување на смртта на Исус
Што може да значи неговата жртва за тебе?
Срдечно си поканет на два бесплатни настани:
-
Специјално библиско предавање „Зошто може да гледаме на иднината со оптимизам“
-
Одбележување на смртта на Исус
Одбележување на смртта на Исус
Вторник, 4 април 2023
Секоја година, Јеховините сведоци ја одбележуваат годишнината од смртта на Исус, токму како што заповедал тој: „Правете го ова за мој спомен“ (Лука 22:19).
СПЕЦИЈАЛНО БИБЛИСКО ПРЕДАВАЊЕ
„Зошто може да гледаме на иднината со оптимизам“
Ова предавање ќе се одржи викендот пред Спомен-свеченоста. Во него ќе биде објаснето како благодарение на смртта на Исус може да станеме блиски пријатели со Јехова Бог, и како тоа ни помага да гледаме на иднината со оптимизам.
Најчесто поставувани прашања
Колку долго ќе трае програмата?
Околу еден час.
Каде ќе се одржи?
За да дознаеш, стапи во контакт со некој Јеховин сведок од твоето место.
Дали се плаќа влезница?
Не.
Дали ќе се собираат прилози?
Не. Јеховините сведоци никогаш не собираат прилози на нивните состаноци.
Дали има некои посебни правила за облекување?
За овој настан нема некои посебни правила за облекување. Но, Јеховините сведоци се трудат да го следат советот од Библијата и се облекуваат скромно и достоинствено (1. Тимотеј 2:9). Не мора да носиш скапа или формална облека.
Како ќе се одбележи годишнината од смртта на Исус?
Настанот ќе започне и ќе заврши со пеење на песна, како и со молитва која ќе ја каже некој Јеховин сведок. По воведната песна и молитва ќе има говор во кој ќе биде објаснето што се постигнало со смртта на Исус и како може да извлечеме корист од она што Бог и Христос го направиле за нас.
За повеќе информации, види ја статијата „Зошто Јеховините сведоци ја одбележуваат Господаровата вечера поинаку од другите религии?“
За повеќе информации, гледај ги следниве видеоклипови кои се достапни на jw.org.
Сеќавај се на смртта на Исус Христос
Дознај каква прекрасна иднина ни претстои благодарение на тоа што Исус го дал животот за нас.
Можеби си слушнал дека Исус умрел за нашите гревови. Но, можно ли е жртвата што ја направил тој да им користи на милиони луѓе?
Преземи ја оваа покана во PDF формат.