Одбележување на смртта на Исус
Понеделник, 22 март 2027
Секоја година, Јеховините сведоци ја одбележуваат годишнината од смртта на Исус, токму како што заповедал тој: „Правете го ова за мој спомен“ (Лука 22:19).
Поканети сте ти и твоето семејство да присуствувате на овој настан.
Најчесто поставувани прашања
Кој може да присуствува?
Секој е добредојден. Слободно можеш да дојдеш со семејството и да поканиш некој пријател.
Колку долго ќе трае програмата?
Околу еден час.
Каде ќе се одржи?
За да дознаеш, стапи во контакт со некој Јеховин сведок.
Дали се плаќа влезница и дали ќе бидам обврзан пак да присуствувам?
Не.
Дали е задолжително да се даде прилог?
Не. Никој не е обврзан да даде прилог (Матеј 10:8).
Дали има некои посебни правила за облекување?
Не. Сепак, Јеховините сведоци се трудат да се облекуваат на начин со кој ќе покажат почит кон овој свет настан.
Како ќе се одбележи годишнината од смртта на Исус?
Ќе биде одржан охрабрувачки говор во кој ќе биде објаснето што се постигнало со смртта на Исус и како може да извлечеме корист од она што Бог и Христос го направиле за нас. Програмата ќе почне и ќе заврши со песна и молитва.
За повеќе информации, види ја статијата „Зошто Јеховините сведоци ја одбележуваат Господаровата вечера поинаку од другите религии?“
На кои датуми ќе се одржи Спомен-свеченост наредните неколку години?
2027: понеделник, 22 март
2028: недела, 9 април
2029: четврток, 29 март

