Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Тоа што учиш да бидеш трудољубив е како да вежбаш — ќе ти користи и сега и во иднина

ЗА МЛАДИ

11. Трудољубивост

11. Трудољубивост

ШТО ЗНАЧИ ТОА

Трудољубивите луѓе не се плашат од работа. Наместо тоа, тие сакаат напорно да работат за да ги задоволат своите потреби и потребите на другите — дури и ако работата можеби не е угледна во очите на другите.

ЗОШТО Е ВАЖНО

Сакале или не, животот е полн со обврски. Во свет во кој многумина не сакаат многу да работат, тоа што ќе бидеш трудољубив може многу да ти користи (Проповедник 3:13).

„Научив дека, кога си трудољубив, се гордееш со себеси и се чувствуваш исполнет. Тоа чувство на внатрешно задоволство ме научи да сакам да работам. Ако имаш добри работни навики, ќе бидеш на добар глас“ (Реан).

БИБЛИСКО НАЧЕЛО: Од секој труд има корист (Изреки 14:23).

ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ

Следниве чекори ќе ти помогнат да развиеш позитивен став кон работата.

Научи добро да ја вршиш работата. Без разлика дали ги извршуваш обврските околу домот, ја пишуваш домашната задача или си на работното место, потполно посвети се на она што го правиш. Штом ќе научиш добро да извршуваш некоја задача, барај начини на кои можеш да се подобриш — да ја извршуваш побрзо или подобро. Колку повешт стануваш, толку повеќе ќе уживаш во работата.

БИБЛИСКО НАЧЕЛО: Си видел ли човек вешт во својата работа? Таквиот ќе стои пред цареви, нема да стои пред обични луѓе (Изреки 22:29).

Мисли и на другите. Најчесто, кога добро ги извршуваш своите одговорности, тоа им користи и на другите. На пример, кога трудољубиво ги извршуваш своите обврски во домот, им го олеснуваш товарот на другите во семејството.

БИБЛИСКО НАЧЕЛО: Повеќе усреќува давањето отколку примањето (Дела 20:35).

Направи повеќе од тоа што се бара од тебе. Наместо да го направиш само она што се бара од тебе, труди се да направиш повеќе од тоа. На тој начин, ти ќе имаш контрола над твојот живот. Ќе правиш повеќе не затоа што мораш да го правиш тоа, туку затоа што ти така сакаш (Матеј 5:41).

БИБЛИСКО НАЧЕЛО: Не сакам тоа добро дело да го направиш присилно, туку доброволно (Филимон 14).

Биди урамнотежен. Трудољубивите луѓе не се мрзливи, ниту, пак, се зависници од работа. Се трудат да бидат урамнотежени и да најдат задоволство и во работата и во одморот.

БИБЛИСКО НАЧЕЛО: Подобар е еден грст одмор отколку два грста труд и трчање по ветар (Проповедник 4:6).