Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Состаноци на Јеховините сведоци

Дознај нешто повеќе за нашите состаноци. Информирај се каде се собираат Јеховините сведоци во твоето место.

Пронајди локација

Како се одвиваат нашите состаноци?

Јеховините сведоци одржуваат состаноци двапати седмично (Евреите 10:24, 25). На овие состаноци, кои се отворени за јавност, ја проучуваме Библијата и учиме како да ја примениме во животот.

На повеќето состаноци има учество и публиката, слично како разговор во училница. Состаноците почнуваат и завршуваат со песна и молитва.

Не мора да бидеш Јеховин сведок за да доаѓаш на нашите состаноци. Секој е добредојден. Влезот е бесплатен и присутните не мора да даваат прилози.

 

Нешто повеќе

КОЈ ЈА ВРШИ ЈЕХОВИНАТА ВОЛЈА ДЕНЕС?

Како изгледаат состаноците на Јеховините сведоци?

Дали некогаш си се прашал како изгледаат нашите состаноци? Сигурно ќе бидеш одушевен од квалитетниот начин на кој сме поучени за Библијата.

НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

Како се организирани собранијата на Јеховините сведоци?

Дознај како добиваме водство и поуки на организиран начин.