„Бидете стрпливи“
Конгрес на Јеховините сведоци за 2023
Срдечно те покануваме да присуствуваш на овогодишниот тридневен конгрес на Јеховините сведоци.
Влезот е бесплатен
Краток преглед на програмата
Петок: Дознај како тоа што ќе бидеш стрплив може да ти помогне да ги оствариш своите цели.
Сабота: Како тоа што ќе бидеш стрплив ќе ти помогне да имаш подобри односи со семејството и пријателите?
Недела: Ако го молиш Бог за помош, дали тој ќе одговори на твоите молитви? Одговорот на ова прашање можеш да го дознаеш од библискиот говор со наслов „Дали Бог навистина ќе ти помогне?“
Гледај ги следните видеоклипови за овогодишниот конгрес
Како изгледаат нашите конгреси?
Дознај како изгледаат конгресите на Јеховините сведоци.
Конгрес на Јеховините сведоци за 2023: „Бидете стрпливи“
Зошто темата на овогодишниот конгрес е навистина соодветна?
Трејлер за современата драма: Префрли му ги на Јехова своите грижи
Амани и неговото семејство мора да бегаат за да се спасат. Што ќе направат? Дали ќе се потпрат на себе или ќе бараат помош и заштита од Бог?