Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ТЕМА 9

Служете му на Јехова како семејство

Служете му на Јехова како семејство

„Поклонете му се на оној што ги создаде небото и земјата“ (Откровение 14:7)

Како што можеше да видиш од оваа брошура, Библијата содржи многу совети што можат да ви помогнат тебе и на твоето семејство. Јехова сака да бидете среќни. Тој ветува дека, ако на прво место во животот го ставите него, сѐ друго „ќе ви се додаде“ (Матеј 6:33). Јехова многу сака да бидете блиски со него. Добро искористете ја секоја можност да го зајакнете своето пријателство со Бог. Тоа е најголемата чест што можеме да ја имаме (Матеј 22:37, 38).

1. ЗАЦВРСТИ ГО ПРИЈАТЕЛСТВОТО СО ЈЕХОВА

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА: „,Ќе ви бидам татко, а вие ќе ми бидете синови и ќерки,‘ вели Јехова“ (2. Коринќаните 6:18). Бог сака да бидеш близок пријател со него. Еден начин на кој можеш да го постигнеш тоа е молитвата. Јехова вели: „Молете се непрестајно“ (1. Солуњаните 5:17). Тој многу сака да му ги искажеш своите грижи и најдлабоки мисли (Филипјаните 4:6). Кога се молиш заедно со твоето семејство, тие гледаат дека за тебе Бог е реална личност.

Освен што треба да зборуваш со Бог, треба и да го слушаш. Тоа можеш да го правиш така што ќе ја проучуваш неговата Реч и библиските публикации (Псалм 1:1, 2). Длабоко размислувај за она што го читаш (Псалм 77:11, 12). Да го слушаш Бог значи и да присуствуваш редовно на христијанските состаноци (Псалм 122:1-4).

Друг важен начин да го зајакнеш твоето пријателство со Јехова е да им зборуваш на другите за него. Колку повеќе го правиш тоа, толку поблизок ќе стануваш со него (Матеј 28:19, 20).

ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ:

  • Секој ден одвојувај време да ја читаш Библијата и да се молиш.

  • Како семејство, духовните работи ставете ги пред разонодата и рекреацијата.

2. УЖИВАЈТЕ ВО СЕМЕЈНОТО ПРОУЧУВАЊЕ

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА: „Приближете му се на Бог, и тој ќе ви се приближи вам“ (Јаков 4:8). Треба да направите добар распоред за семејно проучување на Библијата и потоа да се држите за него (1. Мојсеева 18:19). Но, потребно е уште нешто. Бог мора да биде дел од вашето секојдневие. Зајакнете го пријателството со Бог што го имате како семејство така што ќе зборувате за него ‚кога седите во својата куќа и кога одите по пат, кога легнувате и кога станувате‘ (5. Мојсеева 6:6, 7). Постави си за цел да бидеш како Исус Навин, кој рекол: „А јас и мојот дом ќе му служиме на Јехова“ (Исус Навин 24:15).

ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ:

  • Направи програма за проучување во која ќе ги земеш предвид потребите на секој член на семејството.