Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ЛЕКЦИЈА 59

Можеш да останеш верен кога доживуваш прогонство

Можеш да останеш верен кога доживуваш прогонство

Порано или подоцна, сите христијани ќе се соочат со противење, па дури и со прогонство. Дали треба да бидеме загрижени поради тоа?

1. Од каде знаеме дека ќе бидеме прогонувани?

Библијата јасно кажува: „Сите што сакаат да живеат оддадено на Бог во единство со Христос Исус, ќе бидат прогонувани“ (2. Тимотеј 3:12). Исус бил прогонуван бидејќи не бил дел од светот на Сатана. И ние не сме дел од светот и затоа не сме изненадени ако државните власти или верските организации нѐ прогонуваат (Јован 15:18, 19).

2. Како може да се подготвиме за прогонство?

Треба уште денес да си ја зајакнуваме нашата доверба во Јехова. Одвојувај си време секој ден да му се молиш и да читаш од неговата Реч. Редовно присуствувај на собраниските состаноци. Овие работи ќе те зајакнат за да можеш да покажеш храброст кога ќе се соочиш со прогонство, дури и ако тоа доаѓа од членовите на твоето семејство. Апостол Павле, кој често доживувал прогонство, напишал: „Јехова е мојот помошник, нема да се плашам“ (Евреите 13:6).

Може да станеме похрабри и со тоа што редовно ќе проповедаме. Кога проповедаме, учиме да покажуваме доверба во Јехова и да немаме страв од луѓе (Изреки 29:25). Ако уште сега храбро проповедаш, ќе можеш спремно да го правиш тоа дури и ако властите го забранат нашето проповедничко дело (1. Солуњаните 2:2).

3. Како ни користи тоа што истрајуваме кога доживуваме прогонство?

Се разбира, ние не сакаме да бидеме прогонувани. Но, кога му остануваме верни на Јехова и покрај прогонството, нашата вера се зајакнува. Освен тоа, стануваме поблиски со Јехова бидејќи гледаме дека тој ни помага кога не можеме да продолжиме понатаму со свои сили. (Прочитај Јаков 1:2-4.) Јехова доживува болка кога страдаме, но се радува кога гледа дека истрајуваме. Во Библијата пишува: „Ако трпите затоа што правите добро, и стрпливо го поднесувате тоа, тоа му се допаѓа на Бог“ (1. Петрово 2:20). Ако останеме верни, Бог ќе ни подари вечен живот во новиот свет. Тогаш сите ќе му служат на Јехова и нема да доживуваат никакво противење (Матеј 24:13)

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Во овој дел ќе дознаеш како може да му останеме верни на Јехова кога доживуваме прогонство и како тој ќе нѐ награди.

4. Ти можеш да го издржиш противењето од семејството

Исус отворено кажал дека некои од семејството можеби ќе ни се противат ако одлучиме да му служиме на Јехова. Прочитај Матеј 10:34-36, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Како можеби ќе реагира семејството ако некој одлучи да му служи на Јехова?

Колку силно може да биде противењето? Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следново прашање:

  • Што ќе направиш ако некој од семејството или некој пријател сака да те одврати од тоа да му служиш на Јехова?

Прочитај Псалм 27:10 и Марко 10:29, 30. Откако ќе го прочитате секој стих, разговарајте за ова прашање:

  • Како може да ти помогне ова ветување ако ти се противи некој близок?

5. Не дозволувај прогонството да те спречи да му служиш на Јехова

Потребна е храброст да му служиме на Јехова кога другите се обидуваат да нѐ спречат во тоа. Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следново прашање:

  • Што посебно те охрабри од овој видеоклип?

Прочитај Дела 5:27-29 и Евреите 10:24, 25. Откако ќе го прочитате секој стих, разговарајте за ова прашање:

  • Зошто е важно да продолжиме да го обожаваме Јехова дури и ако властите ни забранат да проповедаме или да се состануваме?

6. Јехова ќе ти помогне да му останеш верен

Низ целиот свет има многу Јеховини сведоци — и помлади и постари — кои биле прогонувани, но му останале верни на Јехова. Што им помогнало? Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следново прашање:

  • Што им помогнало на овие Јеховини сведоци да истраат?

Прочитај Римјаните 8:35, 37-39 и Филипјаните 4:13. Откако ќе го прочитате секој стих, разговарајте за ова прашање:

  • Како овие зборови те уверуваат дека ќе можеш да истраеш сеедно со каков испит ќе се соочиш?

Прочитај Матеј 5:10-12, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Зошто можеш да бидеш среќен дури и ако доживуваш прогонство?

Милиони слуги на Јехова му остануваат верни и покрај прогонството. И ти можеш да бидеш како нив!

НЕКОИ ВЕЛАТ: „Јас не би можел да издржам прогонство“.

  • Кои стихови би можеле да охрабрат едно такво лице?

ШТО НАУЧИ:

Јехова многу цени кога вложуваме труд за да му служиме верно и покрај прогонството. Со негова помош, можеме да истраеме!

Како би одговорил?

  • Зошто христијаните треба да очекуваат да бидат прогонувани?

  • Како можеш уште денес да се подготвиш за прогонство?

  • Што може да те увери дека ќе можеш верно да му служиш на Јехова сеедно со каков испит ќе се соочиш?

Цел:

ИСТРАЖУВАЈ

Како Јехова му помогнал на еден млад брат да истрае кога бил во затвор поради својата неутралност?

Истрајуваме и покрај прогонството (2:36)

Дознај што му помогнало на еден брачен пар да му служи верно на Јехова со години и покрај противењето.

Му служевме на Јехова во време на промени (7:14)

Прочитај што може да ти помогне храбро да се соочиш со прогонство.

„Подготви се за прогонство уште сега“ (Стражарска кула од јули 2019)

Што ако ти се противи некој од семејството? Што можеш да направиш за да му останеш верен на Јехова?

„Вистината не носи ’мир, туку меч‘“ (Стражарска кула од октомври 2017)