Префрли се на текстот

Како изгледа библискиот курс што го нудат Јеховините сведоци?

Како изгледа библискиот курс што го нудат Јеховините сведоци?

 Како изгледа библискиот курс?

 Некој Јеховин сведок ќе ти помогне подобро да се запознаеш со Библијата, така што ќе обработувате тема по тема. Со помош на прирачникот Радувај му се на животот засекогаш ќе можеш постепено да дознаеш што учи Библијата и како таа може да ти помогне. За повеќе информации, гледај го следниот видеоклип.

 Колку чини библискиот курс?

 Курсот е бесплатен. Јеховините сведоци се послушни на зборовите што Исус им ги кажал на своите ученици: „Бесплатно добивте, бесплатно давајте“ (Матеј 10:8). Освен тоа, бесплатни се и публикациите што се користат на курсот — Библијата и прирачникот Радувај му се на животот засекогаш.

 Колку долго трае курсот?

 Курсот се состои од вкупно 60 лекции. Од тебе зависи со кое темпо ќе ги обработувате лекциите. На повеќето од оние што проучуваат им одговара да поминат по една или повеќе лекции седмично.

 Како да се пријавам за курсот?

  1.  1. Пополни го онлајн формуларот. Твоите лични податоци ќе ги употребиме само за да го исполниме твоето барање некој Јеховин сведок да стапи во контакт со тебе.

  2.  2. Некој Јеховин сведок ќе стапи во контакт со тебе. Тој ќе ти објасни нешто повеќе во врска со интерактивниот библиски курс и ќе ти даде одговор на прашањата кои можеби ги имаш.

  3.  3. Ти и оној што ќе проучува со тебе ќе се договорите за деталите. Може да се договорите дали ќе се најдете лично за да проучувате или, пак, дали ќе го одржувате курсот преку телефон, видеоповик, писма или имејл. Проучувањето обично трае околу еден час, но може да биде пократко или подолго во зависност од тоа како тебе најмногу ти одговара.

 Дали може прво да видам како изгледа курсот?

 Да. За таа цел, пополни го онлајн формуларот. Кога некој Јеховин сведок ќе стапи во контакт со тебе, кажи му дека првин сакаш да го пробаш курсот за да видиш дали ќе ти се допадне. Тој ќе ја користи брошурата Радувај му се на животот засекогаш, која ги содржи трите воведни лекции од курсот. На темел на тоа ќе можеш да процениш дали ќе сакаш да продолжиш да проучуваш.

 Ако прифатам библиски курс, ќе морам ли да станам Јеховин сведок?

 Не. Како Јеховини сведоци, ние сакаме да ги поучуваме другите за Библијата, но на никого не му вршиме притисок да ја прифати нашата религија. Напротив, со почит им објаснуваме на луѓето што вели Библијата, имајќи на ум дека секој има право да избере во што ќе верува (1. Петрово 3:15).

 Можам ли да користам своја Библија?

 Да, можеш да го користиш кој и да било превод на Библијата. Ние го користиме преводот Нов свет, кој е точен и лесен за разбирање. Но, свесни сме дека многу луѓе повеќе сакаат да користат превод на Библијата кој веќе им е познат.

 Можам ли да поканам и некој друг на курсот?

 Да. На курсот може да присуствуваат членовите на твоето семејство или кој и да било пријател што ќе го поканиш.

 Ако веќе сум ја проучувал Библијата со Јеховините сведоци, дали можам повторно да проучувам?

 Да. Всушност, сега повеќе ќе уживаш во библискиот курс бидејќи е приспособен за да одговара на потребите на луѓето во денешно време. За разлика од порано, овој библиски курс е поинтерактивен и има многу повеќе видеосодржини.

 Дали постои можност самиот да ја проучувам Библијата, без помош на некој друг?

 Да. Иако повеќето од оние што ја проучуваат Библијата извлекуваат најголема корист кога некој им помага во тоа, сепак некои повеќе сакаат да почнат сами да проучуваат. Во делот Помош за проучување на Библијата се наведени бесплатни содржини и алатки за истражување кои можат да ти помогнат сам да ја проучуваш Библијата. Еве некои од нив:

  •   Онлајн библиски курс (на англиски и на некои други јазици). Овој интерактивен курс содржи лекции во кои се наоѓа одговорот на некои од најважните животни прашања, како што се: Кој е Бог? Зошто има зло и страдања? Дали Бог некогаш ќе им стави крај на страдањата?

  •   Библиски видеоклипови. Во овие кратки видеоклипови се објаснети некои основни библиски учења.

  •   Одговор на библиски прашања. Во овие статии има одговор на многу прашања поврзани со Библијата.

  •   Библиски атлас. Во оваа публикација има мапи и табели од различни места кои се спомнуваат во Библијата и тоа во различни временски периоди.