Марко 10:1-52
10 Оттаму стана и дојде до граничното подрачје на Јудеја и од онаа страна на Јордан. И народот повторно дојде кај него, и тој повторно ги поучуваше, како што имаше обичај.+
2 Тогаш фарисеите му пристапија. Со намера да го искушаат, го прашаа дали му е дозволено на мажот да се разведе од жената.+
3 А тој им одговори: „Што ви заповеда Мојсеј?“
4 Тие одговорија: „Мојсеј му дозволи на мажот да напише потврда за развод и да се разведе од неа“.+
5 А Исус им одговори: „Поради закоравеноста на вашето срце+ тој ви ја напиша таа заповед.
6 Меѓутоа, од почетокот на создавањето ‚Тој ги создаде машко и женско.+
7 Затоа човекот ќе ги остави татка си и мајка си,
8 и двајцата ќе бидат едно тело‘.+ Така повеќе не се две, туку едно тело.
9 Затоа, Бог што составил,* човек да не разделува!“+
10 Кога повторно беа во куќата,+ учениците го распрашуваа за тоа.
11 И тој им рече: „Секој што ќе се разведе од својата жена и ќе се ожени со друга, прави прељуба+ спрема првата.
12 И ако жената се разведе од мажот, па се омажи за друг, прави прељуба“.+
13 А луѓето му доведуваа деца за да ги допре, но учениците ги прекоруваа.+
14 Кога го виде тоа, Исус се налути и им рече: „Пуштете ги децата да доаѓаат кај мене. Не забранувајте им, зашто на таквите им припаѓа Божјето царство.+
15 Вистина, ви велам, кој не го прима Божјето царство како дете, нема да влезе во него“.+
16 И ги зеде децата во прегратка и ги благословуваше, положувајќи ги рацете врз нив.+
17 Кога тргнуваше на пат, дотрча еден човек, падна на колена пред него и го праша: „Учителе добар, што морам да сторам за да наследам вечен живот?“+
18 А Исус му рече: „Зошто ме нарекуваш добар?+ Никој не е добар, освен еден, Бог.+
19 Заповедите ги знаеш: ‚Не убивај‘,+ ‚Не врши прељуба‘,+ ‚Не кради‘,+ ‚Не сведочи лажно‘,+ ‚Не мами‘,+ ‚Почитувај ги татка си и мајка си‘ “.+
20 А тој му рече: „Учителе, сето тоа го држам од својата младост“.
21 Тогаш Исус го погледна и со наклоност му рече: „Едно ти недостига: оди, продај сѐ што имаш и парите дај им ги на сиромасите, па ќе имаш богатство на небото. Тогаш дојди и оди по мене“.+
22 Но, тој се растажи од тие зборови и си замина нажален, зашто имаше голем имот.+
23 Погледнувајќи наоколу, Исус им рече на своите ученици: „Колку тешко ќе влезат богатите+ во царството Божје!“+
24 А учениците беа изненадени+ од неговите зборови. Тогаш Исус повторно им рече: „Деца, тешко е да се влезе во Божјето царство.
25 Полесно ѝ е на камила да помине низ иглени уши отколку богат човек да влезе во Божјето царство“.+
26 А тие уште повеќе се зачудија и го запрашаа: „Тогаш, кој може да се спаси?“+
27 Исус ги погледна и рече: „За луѓето тоа е невозможно, но не и за Бог. За Бог сѐ е возможно“.+
28 А Петар почна да му зборува: „Еве, ние оставивме сѐ и одиме по тебе“.+
29 Тогаш Исус рече: „Вистина, ви велам, никој не оставил куќа или браќа или сестри или мајка или татко или деца или ниви поради мене и поради добрата вест,+
30 а да не прими сега, во ова време, стократно:+ и куќи и браќа и сестри и мајки и деца и ниви, со прогонства,+ а во поредокот* што доаѓа и вечен живот.
31 Но, мнозина кои се први ќе бидат последни, а последните први“.+
32 Патуваа така кон Ерусалим, а Исус одеше пред нив. И беа одушевени, а оние што одеа по нив се плашеа. Тогаш повторно ги зеде настрана дванаесеттемина и почна да им кажува за она што треба да му се случи:+
33 „Еве, одиме во Ерусалим. Синот човечки ќе биде предаден на главните свештеници и на книжниците, а тие ќе го осудат на смрт и ќе им го предадат на незнабошците,+
34 и ќе го исмејуваат, и ќе го плукаат, и ќе го камшикуваат, и ќе го убијат, а по три дена тој ќе воскресне“.+
35 А Јаков и Јован, двајцата синови на Зеведеј,+ му пристапија и му рекоа: „Учителе, сакаме да го направиш за нас тоа што ќе го побараме од тебе“.+
36 А тој им рече: „Што сакате да сторам за вас?“
37 Тие му одговорија: „Дај ни да седнеме во твојата слава, едниот од твојата десна, а другиот од твојата лева страна“.+
38 Но, Исус им рече: „Не знаете што барате. Можете ли да ја пиете чашата што ја пијам јас или да се крстите со крштавањето со кое се крштавам јас?“+
39 Му одговорија: „Можеме“. Тогаш Исус им рече: „Чашата што ја пијам јас, ќе ја пиете, и со крштавањето со кое се крштавам јас, ќе се крстите.+
40 Но, да седнете од мојата десна или лева страна, тоа не можам да ви го дадам јас,+ туку им припаѓа на оние за кои е приготвено“.
41 А кога останатите десетмина го слушнаа тоа, се налутија на Јаков и на Јован.+
42 Но Исус ги повика кај себе и им рече: „Знаете дека оние што се сметаат за владетели, господарат над народите, и големците ги држат под своја власт.+
43 А меѓу вас нека не биде така! Туку, кој сака да биде голем меѓу вас, нека ви биде слуга,+
44 и кој сака да биде прв меѓу вас, нека им биде роб на сите.+
45 Зашто, ни Синот човечки не дојде за да му служат,+ туку да служи и да го даде својот живот* како откупнина+ за мнозина“.+
46 И дојдоа во Ерихон. А кога тој и неговите ученици и мноштвото луѓе излегуваа од Ерихон, Вартимеј (синот на Тимеј), слеп питач, седеше покрај патот.+
47 Кога чу дека тоа е Исус Назареќанецот, викна: „Сине Давидов,+ Исусе, смилувај ми се!“+
48 Тогаш мнозина почнаа да го замолчуваат, но тој уште посилно викаше: „Сине Давидов, смилувај ми се!“+
49 Тогаш Исус застана и рече: „Викнете го!“ И го повикаа слепецот и му рекоа: „Биди храбар! Стани, те вика“.+
50 И тој ја фрли од себе својата наметка, скокна и отиде кај Исус.
51 Тогаш Исус го праша: „Што да сторам за тебе?“+ Слепецот му одговори: „Равуни,* направи да прогледам!“+
52 А Исус му рече: „Оди, твојата вера те оздраве!“+ И веднаш прогледа,+ и тргна да го следи по патот.+