Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Се сеќаваш ли?

Се сеќаваш ли?

Се сеќаваш ли?

Уживаше ли додека ги читаше неодамнешните изданија на Стражарска кула? Тогаш, види дали можеш да одговориш на следниве прашања:

• Како Исус ќе го „спаси бедниот“, според прореченото во Псалм 72:12?

За време на неговото владеење, ќе има правда за сите и нема да има корупција. Војните често носат сиромаштија, но Христос ќе донесе совршен мир. Тој сочувствува со луѓето и ќе ги обедини, а ќе се погрижи и да има изобилство храна за човештвото (Псалм 72:4-16; 1.5., страница 7).

• Како можеме ние, како христијани, да ја покажеме својата „слобода на говорот“? (1. Тимотеј 3:13; Филимон 8; Евреите 4:16).

Тоа можеме да го направиме така што смело ќе проповедаме, брзо и ефикасно ќе ги поучуваме и ќе ги советуваме другите и ќе му го излееме срцето на Бог, уверени дека тој ќе нѐ сослуша и ќе одговори (15.5., страници 14-16).

• Зошто, според Мојсеевиот закон, одредени природни функции на половите органи го правеле човекот „нечист“?

Барањата во Законот, кои се однесувале на течењето семе, менструацијата и породувањето, помагале народот да одржува добра хигиена и подобро општо здравје, ја истакнувале светоста на крвта и покажувале колку е важно да ни бидат искупени гревовите (1.6., страница 31).

• Ако некој сака да биде среќен, зошто ќе му користи ако ја земе предвид книгата Псалми?

Писателите на Псалмите биле уверени дека среќата произлегува од здравото пријателство со Бог (Псалм 112:1). Тие добро нагласиле дека не постои ниту пријателство со човек, ниту материјален посед, ниту лично достигнување што може да ја донесе среќата која е резултат на тоа што сме дел од „оној народ, кому Господ е Бог!“ (Псалм 144:15; 15.6., страница 12).

• Каков посебен однос со Јехова имале древните Израелци?

Во 1513 година пр.н.е., Јехова стапил во нов однос со Израелците, во сојуз (Излез 19:5, 6; 24:7). Оттогаш, Израелците се раѓале како припадници на народот кој му бил посветен на Бог и избран од него. Сепак, секој поединец требало да донесе своја лична одлука да му служи на Бог (1.7., страници 21, 22).

• Зошто треба ‚да правиме сѐ без мрморење‘? (Филипјаните 2:14).

Многу примери од Библијата покажуваат дека мрморењето предизвикало штета меѓу Божјиот народ. Треба сериозно да размислиме за разјадувачкото влијание што може да го има денес. Несовршените луѓе имаат склоност да се жалат, и затоа треба да внимаваме за да откриеме секаков знак за таква склоност кај себеси и да ја спречиме (15.7., страници 16,17).

• Како знаеме дека мудроста, која е опишана во Пословици 8:22-31, не е апстрактна мудрост?

Таа мудрост била ‚создадена‘ како почеток на Јеховиниот творечки пат. Бог постои отсекогаш и отсекогаш бил мудар; неговата мудрост не била создадена. Мудроста за која се зборува во Пословици 8:22-31 била покрај Бог, како „вешт градител“, што укажува на духовното суштество кое станало Исус и блиско соработувало со Бог при создавањето (Колошаните 1:17; Откровение 3:14; 1.8., страница 31).