Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

КАКО ДА СЕ ПРЕКИНЕ КРУГОТ НА ОМРАЗАТА

2 | Не се одмаздувај

2 | Не се одмаздувај

Библиско учење:

„Никому не враќајте зло за зло... Ако е можно, колку што зависи од вас, бидете во мир со сите луѓе. Не одмаздувајте се... зашто е напишано: ’„Одмаздата е моја, јас ќе вратам“, вели Јехова‘“ (РИМЈАНИТЕ 12:17-19).

Што значи ова:

Нормално е да чувствуваме гнев кога ни е нанесена некоја неправда, но Бог не одобрува да се одмаздуваме. Тој нѐ поттикнува стрпливо да чекаме на него бидејќи наскоро тој ќе ги исправи работите (Псалм 37:7, 10).

Како може ова да ти помогне:

Кога несовршените луѓе се одмаздуваат, омразата само уште повеќе расте. Затоа, ако некој те повредил или те навредил, не се одмаздувај. Труди се да покажеш самоконтрола и да останеш смирен. Во некои ситуации можеби наједноставно ќе биде да преминеш преку навредата (Изреки 19:11). Во други ситуации, можеби ќе биде подобро да преземеш нешто. На пример, ако си жртва на криминал, може да го пријавиш случајот во полиција или кај надлежните.

Со одмаздата само си наштетуваме себеси

Што ако се чини дека проблемот не може да се реши на мирен начин? Или, што ако веќе си направил сѐ што си можел за да го решиш на мирен начин? Не се одмаздувај. Одмаздата може само да ја влоши ситуацијата. Наместо тоа, прекини го кругот на омразата. Имај доверба дека Бог ќе го реши проблемот на најдобар можен начин. „Потпри се на него, и тој ќе ти помогне“ (Псалм 37:3-5).