Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Дојдете, чујте го јавното предавање „Кој му оддава слава на Бог денес?“

Дојдете, чујте го јавното предавање „Кој му оддава слава на Бог денес?“

Дојдете, чујте го јавното предавање „Кој му оддава слава на Бог денес?“

За религиозните луѓе, дури и самата помисла да му се оддава слава на Бог може да изгледа збунувачка. Зарем Бог не е Возвишениот Суверен на универзумот? Тогаш, како може еден обичен човек да го слави? Такво нешто е возможно, бидејќи Библијата нѐ поттикнува ‚да се плашиме од Бог и да му оддадеме слава‘ (Откровение 14:7). Еден начин на кој можеме да го правиме тоа е ‚да ја слушаме речта Божја и да ја држиме‘ (Лука 11:28). Всушност, ако ја проучуваме Библијата и ако живееме според нејзините начела, му носиме чест и слава на нејзиниот Автор, Јехова Бог.

Но, кој му оддава слава на Бог на ваков начин денес? Милијарди тврдат дека се религиозни, но дали тоа е доволно? Како можеме да бидеме сигурни дека нашиот облик на обожавање му е угоден на Бог и дека му носи слава? Овие прашања ќе бидат одговорени во возбудливото предавање „Кој му оддава слава на Бог денес?“ Ова јавно предавање ќе биде изнесено на обласните конгреси на Јеховините сведоци, кои ќе започнат овој месец. Во светот ќе се одржат стотици такви конгреси. За да дознаете која локација Ви е најблиска, контактирајте со Јеховините сведоци во Вашето место или пишете до издавачите на ова списание. Во изданието на нашето придружно списание Стражарска кула од 1 март 2003, наведени се локациите во Македонија, Србија, Хрватска и Бугарија.