Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ЛЕКЦИЈА 7

Точни и уверливи информации

Точни и уверливи информации

Лука 1:3

ЦЕЛ: Користи докази од проверени извори за да им помогнеш на слушателите да дојдат до исправен заклучок.

КАКО ДА ГО ПОСТИГНЕШ ТОА:

  • Користи информации од веродостојни извори. Она што го зборуваш треба да се темели на Божјата Реч. Секогаш кога е можно, читај директно од неа. Ако сакаш да спомнеш некој научен факт или некоја вест, нешто што му се случило некому или, пак, друга информација која ќе го потврди она што го кажуваш, провери однапред дали е од веродостоен извор. Внимавај да не изнесуваш застарени информации.

  • Користи ги информациите на исправен начин. Објасни ги стиховите во склад со контекстот, со целокупната порака на Библијата и со она што стои во публикациите од „верниот и разборит роб“ (Мат. 24:45). Ако користиш информации од световни извори, тие треба да бидат во склад со контекстот од кој се земени и во склад со намерата на писателот.

  • Помогни им на слушателите да дојдат до логичен заклучок на темел на доказите што им ги изнесуваш. Откако ќе прочиташ некој стих или ќе цитираш друга информација, постави промислени прашања или наведи пример за да можат слушателите самите да извлечат заклучок.