Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ЛЕКЦИЈА 4

Да се воведат стиховите на соодветен начин

Да се воведат стиховите на соодветен начин

Матеј 22:41-45

ЦЕЛ: Побуди интерес за библискиот стих што сакаш да го прочиташ.

КАКО ДА ГО ПОСТИГНЕШ ТОА:

  • Размисли зошто го читаш стихот. Воведи го секој стих така што слушателите ќе можат да ја сфатат главната мисла што сакаш да ја истакнеш со него.

  • Дај му тежина на она што ќе го прочиташ. Кога им се обраќаш на луѓе што веруваат во Бог, кажи им дека тоа што ќе им го прочиташ е од Божјата Реч, која е највозвишениот извор на мудрост.

  • Побуди интерес за библискиот стих. Можеш да поставиш прашање кое ќе биде одговорено во тој стих или да спомнеш проблем за кој стихот нуди решение. Исто така, можеш да наведеш начело кое слушателите подобро ќе го разберат кога ќе го прочиташ библискиот извештај.