Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ЛЕКЦИЈА 15

Да се зборува со увереност

Да се зборува со увереност

1. Солуњаните 1:5

ЦЕЛ: Покажи дека си цврсто уверен во вистинитоста и важноста на она што го кажуваш.

КАКО ДА ГО ПОСТИГНЕШ ТОА:

  • Темелно подготви се. Проучувај го материјалот сѐ додека не сфатиш како наведените библиски стихови ги поткрепуваат главните мисли. Обиди се да ги изразиш главните мисли од материјалот со само неколку едноставни зборови. Размислувај за тоа колку тие се важни за оние што те слушаат. Моли се за свет дух.

  • Користи зборови со кои се изразува увереност. Наместо да прочиташ сѐ од збор до збор како што стои во печатениот материјал, изнеси ги мислите со свои зборови. Од твојот избор на зборови треба да се види дека си сигурен во она што го кажуваш.

  • Покажи дека навистина си уверен во она што го кажуваш. Биди доволно гласен. Гледај ги своите слушатели во очи.