Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ЛЕКЦИЈА 16

Да се охрабрат другите со позитивни мисли

Да се охрабрат другите со позитивни мисли

Јов 16:5

ЦЕЛ: Наместо главно да зборуваш за проблеми, зборувај за решенија и за работи што можат да ги охрабрат другите.

КАКО ДА ГО ПОСТИГНЕШ ТОА:

  • Гледај позитивно на оние што те слушаат. Имај доверба дека твоите соверници сакаат да го радуваат Јехова. Дури и ако мора да им дадеш совет, секогаш кога е можно, најпрво искрено пофали ги.

  • Внимавај да не претераш со негативни информации. Можеш да спомнеш негативни работи во поврзаност со темата за која зборуваш само ако сакаш да постигнеш одредена цел. Твоето излагање главно треба да биде позитивно.

  • Често користи ја Божјата Реч. Истакни го она што Јехова го правел за луѓето во минатото, она што го прави сега и она што ќе го направи во иднина. Потруди се да ги охрабриш твоите слушатели и да им влееш надеж.