Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Одговор на библиски прашања

Одговор на библиски прашања

Дали со овој живот завршува сѐ?

Дали понекогаш си мислиш дека животот е премногу краток?

Си се прашал ли некогаш дали животот има некоја поголема смисла отколку само да се родиме, да учиме, да работиме, да стапиме во брак, да имаме деца и еден ден да остариме? (Јов 14:1, 2). Од Библијата дознаваме дека дури и некои мудри луѓе си го поставувале ова прашање. (Прочитај Проповедник 2:11.)

Дали животот навистина има смисла? За да го дознаеме одговорот, прво треба да знаеме како настанал животот. Откако размислиле за начинот на кој функционираат нашето тело и нашиот ум, многумина дошле до заклучок дека сме создадени од еден мудар Творец. (Прочитај Псалм 139:14.) Ако постои Творец, тогаш сигурно нѐ создал со одредена цел. Ако откриеме која е таа цел, ќе имаме поголема смисла во животот.

Зошто Бог ги создал луѓето?

Бог ги благословил првите маж и жена и им дал една убава задача. Тој имал намера тие да ја наполнат Земјата со свои потомци, да ја претворат во рај и да живеат засекогаш. (Прочитај 1. Мојсеева 1:28, 31.)

Но, кога луѓето се побуниле против неговото владеење, Бог морал да го одложи исполнувањето на оваа намера. Сепак, тој не се откажал од нас и не ја сменил својата намера. Библијата нѐ уверува дека Бог презел чекори за да ги спаси верните луѓе и дека неговата намера во врска со Земјата ќе се оствари. Тој сака да го доживееш времето кога ќе се исполни сето она што го ветил. (Прочитај Псалм 37:29.) Од Библијата можеш да дознаеш како ти лично можеш да извлечеш корист од она што Бог наумил да го направи.