Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Која е смислата на животот?

Која е смислата на животот?

Што вели Библијата:

Многу луѓе се прашуваат: „Зошто сме тука?“ или „Има ли мојот живот некаква смисла?“ Библијата кажува дека смислата на нашиот живот е да го запознаеме Бог и да станеме блиски со него. Еве некои важни вистини од Библијата што го потврдуваат тоа:

  • Бог е наш Творец. Библијата вели: „Бог... нѐ направи, а не ние самите“ (Псалм 100:3; Откровение 4:11).

  • Бог создал сѐ со одредена намера. Тоа значи дека и нашиот живот мора да има некоја цел (Исаија 45:18).

  • Бог нѐ создал со „духовни потреби“, во што спаѓа и желбата да ја пронајдеме смислата на нашиот живот (Матеј 5:3). Тој сака да ни помогне во тоа (Псалм 145:16).

  • Ние можеме да ги задоволиме нашите духовни потреби со тоа што ќе стануваме сѐ поблиски со Бог. Иако можеби некои мислат дека е невозможно да се биде близок со Бог, Библијата нѐ поттикнува: „Приближете му се на Бог, и тој ќе ви се приближи вам“ (Јаков 4:8; 2:23).

  • За да бидеме блиски со Бог, мора да живееме во склад со неговата намера. Библијата ни кажува што очекува тој од нас. Во неа пишува: „Длабоко почитувај го вистинскиот Бог и држи ги неговите заповеди, зашто за тоа е создаден човекот“ (Проповедник 12:13, Good News Translation).

  • Во иднина Бог ќе ја исполни намерата што ја имал на почетокот во врска со луѓето. Тој ќе им стави крај на сите страдања и ќе им подари вечен живот на оние што се блиски со него и верно му служат (Псалм 37:10, 11).