Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Како можеш да го надминеш стравот од смртта?

Како можеш да го надминеш стравот од смртта?

Што вели Библијата:

Нормално е да се плашиме од смртта и да преземеме разумни мерки за да се заштитиме (1. Коринќаните 15:26). Сепак, претераниот страв од смртта кој е предизвикан од лажни учења или суеверие ги прави луѓето робови (Евреите 2:15). Ако ја дознаеме вистината за смртта, ќе се ослободиме од претераниот страв кој може да нѐ спречи да му се радуваме на животот (Јован 8:32).

Вистината за смртта

  • Мртвите не се свесни за ништо (Псалм 146:4). Не треба да се плашиш дека, откако ќе умреш, ќе се мачиш или ќе трпиш некаква болка. Во Библијата смртта е споредена со сон (Псалм 13:3; Јован 11:11-14).

  • Мртвите не можат да ни направат ништо лошо. Дури и оние што ни биле непријатели, по смртта немаат никаква моќ (Изреки 21:16). Во Библијата пишува дека, откако ќе умрат, ,нивната омраза и нивната љубомора ќе ги снема‘ (Проповедник 9:6).

  • Оние што умреле имаат надеж повторно да живеат на Земјата. Во Библијата пишува дека ќе има воскресение (Јован 5:28, 29; Дела 24:15).

  • Бог ветува дека во иднина ,повеќе нема да има смрт‘ (Откровение 21:4). Во врска со тоа време, во Библијата стои: „Праведниците ќе ја поседуваат земјата и ќе живеат на неа засекогаш“ (Псалм 37:29). Тогаш, ниту еден човек нема да се плаши од смртта.