Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Дали Земјата ќе ја преживее 2012 година?

Дали Земјата ќе ја преживее 2012 година?

Читателите прашуваат...

Дали Земјата ќе ја преживее 2012 година?

▪ „Едно француско село е преплавено од луѓе кои веруваат во апокалипсата... Тие се уверени дека крајот на светот ќе дојде на 21 декември 2012 год., кога ќе заврши 5.125-годишниот циклус од древниот календар на Маите“ (BBC News).

И покрај тоа што верските водачи, самопрогласените научници и други лица од 21 век предвидуваат крај на светот, Земјата ќе продолжи да постои уште долго време. Да, Земјата ќе ја преживее 2012 год. Всушност, нашава планета нема да ја преживее само таа туку и секоја друга година по неа.

Библијата вели: „Едно поколение заминува, друго доаѓа, а земјата останува секогаш“ (Проповедник 1:4, превод на д-р Д. Х. Константинов). Размисли и за зборовите запишани во Исаија 45:18, каде што стои: „Вака вели Јехова... оној што ја обликува и ја направи земјата, оној што ја зацврсти и не ја создаде залудно, туку ја обликува за да биде населена: ‚Јас сум Јехова, и нема друг‘“ (Исаија 45:18).

Дали еден татко што со љубов посветил многу време за да му направи бротче на своето синче или куќичка за куклата на својата ќерка, ќе ги искрши откако ќе им ги подари? Тоа би било бездушно! На сличен начин, Бог ја создал Земјата првенствено за луѓето. На првите маж и жена, Адам и Ева, Бог им рекол: „Плодете се и множете се, наполнете ја земјата и потчинете ја“. Потоа, ‚Бог го погледнал сето она што го направил, и гледај, било многу добро‘ (1. Мојсеева 1:27, 28, 31). Бог не се откажал од својата намера со Земјата и нема да дозволи таа да биде уништена. Во врска со секоја работа што ја ветил, Јехова јасно рекол: „Нема да се врати кај мене без плод, туку ќе го направи она што го сакам и ќе го изврши она поради кое сум ја испратил“ (Исаија 55:11).

Меѓутоа, Јехова е решен да ги ‚уништи оние што ја уништуваат земјата‘ (Откровение 11:18). Во својата Реч, тој ветил: „Праведниците ќе живеат на земјата и непорочните ќе останат на неа. А злите ќе бидат истребени од земјата и оние што постапуваат неверно ќе бидат искоренети од неа“ (Изреки 2:21, 22).

Кога ќе се случи ова? Никој од луѓето не знае. „За тој ден или час никој не знае“, рекол Исус, „ни ангелите на небото ни Синот, туку само Таткото“ (Марко 13:32). Јеховините сведоци не се обидуваат да го пресметаат времето кога Бог ќе ги уништи злобните. И покрај тоа што го гледаат „знакот“ на крајот и веруваат дека човештвото е длабоко навлезено во „последните денови“ за кои пишува во Библијата, тие не можат да го знаат точниот датум кога ќе дојде „крајот“ (Марко 13:4-8, 33; 2. Тимотеј 3:1). Тоа му го препуштаат на нивниот небесен Татко и на неговиот Син.

Во меѓувреме, Јеховините сведоци ја проповедаат добрата вест за Божјето Царство — небесната влада која ќе ја претвори Земјата во прекрасен рај, во кој „праведниците ќе ја поседуваат земјата и ќе живеат на неа засекогаш“ (Псалм 37:29).

[Извор на слика на страница 10]

Image Science and Analysis Laboratory, NASA-Johnson Space Center