Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Дали Исус е Семоќен Бог?

Дали Исус е Семоќен Бог?

Дали Исус е Семоќен Бог?

Вообичаени одговори:

▪ „Да, Исус е Семоќен Бог.“

▪ „Исус е отелотворение на Бог.“

Што рекол Исус?

▪ „Ако ме сакате, ќе се радувате што си заминувам кај Таткото, зашто Таткото е поголем од мене“ (Јован 14:28). Исус јасно рекол дека тој и неговиот Татко не се еднакви.

▪ „Одам горе кај мојот Татко и вашиот Татко, кај мојот Бог и вашиот Бог“ (Јован 20:17). Исус не рекол за себе дека е Бог, туку зборувал за Бог како за посебна Личност.

▪ „Јас не зборував сам од себе, туку самиот Татко, кој ме испрати, ми даде заповед што да кажам и што да зборувам“ (Јован 12:49). Исусовите учења не доаѓале од него, туку од Таткото.

ИСУС рекол дека е Божји Син, а не Семоќен Бог. Ако Исус бил Бог, кому му се молел додека бил на Земјата? (Матеј 14:23; 26:26-29). Сигурно не се преправал дека зборува со некого!

Кога двајца ученици на Исус го замолиле да им даде посебна положба во Царството, тој одговорил: „Да седите од мојата десна и лева страна, тоа не можам да ви го дадам јас, туку им припаѓа на оние за кои мојот Татко го приготвил“ (Матеј 20:23). Дали Исус ги излажал кога им рекол дека нема власт да им го исполни тоа барање? Секако дека не! Наместо тоа, понизно признал дека само Бог има власт да донесува такви одлуки. Освен тоа, Исус објаснил дека има работи што не ги знаат ниту тој ниту ангелите, туку само неговиот Татко (Марко 13:32).

Дали Исус бил на пониска положба од Бог само додека бил човек овде на Земјата? Не. Дури и по смртта и воскресението, за Исус е речено во Библијата дека му е подложен на Бог. Апостол Павле нѐ потсетува дека „глава на Христос е Бог“ (1. Коринќаните 11:3). Библијата вели дека во иднина, „кога ќе му биде подложено сѐ [на Христос], тогаш и самиот Син ќе му се подложи на оној што му подложил сѐ, за Бог да им биде сѐ на сите“ (1. Коринќаните 15:28).

Јасно е дека Исус не е Семоќен Бог. Токму затоа, својот Татко го нарекол „мојот Бог“ (Откровение 3:2, 12; 2. Коринќаните 1:3, 4). a

[Фуснота]

a Повеќе за оваа тема можеш да прочиташ на страници 201-204 од книгата Што навистина учи Библијата?, издадена од Јеховините сведоци.

[Истакната мисла на страница 7]

Исус рекол дека има работи што не ги знаат ниту тој ниту ангелите, туку само неговиот Татко