Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Дали сте знаеле?

Дали сте знаеле?

Дали сте знаеле?

Зошто Понтиј Пилат се уплашил кога чул дека Исус ‚тврдел дека е Божји син‘? (Јован 19:7).

По смртта на Јулиј Цезар, Римскиот сенат го прогласил овој император за бог. Затоа, неговиот посвоен син и наследник, Октавијан, бил прогласен за диви филиус, што значи „Син на божество“, или „Божји син“. Овој латински назив станал почесна титула на императорите. Ова го потврдуваат бројните натписи на римските жртвеници, храмови, скулптури и монети. Кога Евреите го обвиниле Исус дека се прави „Божји син“, тие, всушност, го обвиниле дека си присвојува една службена титула — што било еднакво на предавство.

Кога го суделе Исус, титулата диви филиус ја имал наследено Тибериј. Овој император бил познат по тоа што го убивал секого што го сметал за свој непријател. Затоа, кога Евреите напомнале дека Пилат би покажал нелојалност кон цезарот ако не го осуди Исус, римскиот управител ‚уште повеќе се уплашил‘. На крајот, попуштил под притисокот и наредил Исус да биде погубен (Јован 19:8, 12-16).

Зошто Захарија го прорекол уништувањето на Тир долго време откако Вавилонците веќе го разурнале овој град?

Древниот град Тир, кој се наоѓал на брегот на Средоземното Море, се состоел од два дела. Едниот бил на копното, а другиот дел бил на еден остров.

Едно време жителите на Тир биле во пријателски односи со Израелците. Но, подоцна Тир се збогатил и почнал да му се противи на Јехова Бог дотаму што го крадел златото и среброто од Божјиот народ и ги продавал луѓето во ропство (Јоил 3:4-6). Затоа Јехова го осудил. Преку своите пророци, Јехова прорекол дека Тир ќе падне во рацете на вавилонскиот цар Навуходоносор, кој ги довел своите војски во Тир откако го уништил Ерусалим во 607 год. пр.н.е. (Исаија 23:13, 14; Еремија 27:2-7; Езекиел 28:1-19).

Бидејќи им претстоел пораз, жителите на Тир зеле сѐ што имале и избегале во островскиот град. Вавилонците го оставиле копнениот дел од градот во урнатини. Околу 100 години подоцна, Јехова го вдахнал пророкот Захарија да ја изрече Божјата осуда врз Тир: „Ете, Јехова ќе му одземе сѐ што има и неговата воена сила ќе ја фрли в море, и оган ќе го проголта“ (Захарија 9:3, 4).

Во 332 год. пр.н.е., островскиот град бил уништен од рацете на Александар Велики, со што се исполнило пророштвото на Захарија. За да успее во тоа, Александар изградил еден премин долг околу 800 метри, кој водел од копното до островот. При тоа ги употребил дрвата и камењата од урнатините на Тир. Ова го прорекол и Езекиел (Езекиел 26:4, 12).

[Слика на страница 27]

„Опсадата на Тир“

[Извор на слика]

Цртеж на Андре Кастањ (1898-1899)