Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

2 | Утеха од Светото писмо

2 | Утеха од Светото писмо

БИБЛИЈАТА ВЕЛИ: „Сѐ што беше некогаш напишано, напишано е за наша поука, за преку својата истрајност и преку утехата од Писмата да имаме надеж“ (РИМЈАНИТЕ 15:4).

Што значи ова

Во Библијата има утешни мисли кои можат да ни ги дадат силата и истрајноста што ни се потребни за да се справиме со негативните начини на размислување. Исто така, пораката од Библијата ни дава надеж дека сета емоционална болка наскоро ќе биде минато.

Како ова може да помогне

Сите ние понекогаш се чувствуваме вознемирено или тажно. Но, оние кои страдаат од депресија или анксиозност може постојано да се измачуваат со вакви чувства. Каква помош нуди Библијата?

  • Во Библијата има многу позитивни мисли со кои можеме да ги замениме негативните (Филипјаните 4:8). Таа навистина може да го исполни нашиот ум со утешни и смирувачки мисли кои ќе ни помогнат да ги држиме под контрола нашите чувства (Псалм 94:18, 19).

  • Библијата може да ни помогне да ја победиме мислата дека сме безвредни (Лука 12:6, 7).

  • Многу библиски стихови нѐ уверуваат дека не сме сами и дека Бог, нашиот Творец, потполно ги разбира нашите чувства (Псалм 34:18; 1. Јованово 3:19, 20).

  • Библијата ветува дека Бог ќе ги избрише сите болни сеќавања (Исаија 65:17; Откровение 21:4). Кога се измачуваме со вознемирувачки мисли и чувства, ова ветување може да ни ја даде потребната сила за да истраеме.