Римјаните 15:1-33

15  А ние силните мораме да ги носиме слабостите на оние што не се силни,+ а не да си угодуваме себеси.+  Секој од нас нека му угодува на својот ближен во она што е добро за изградување.+  Зашто, ниту Христос не си угодуваше себеси,+ туку, како што е напишано: „Подбивите на оние што ти се подбиваа тебе, паднаа на мене“.+  А сѐ што беше некогаш напишано, напишано е+ за наша поука,+ за преку својата истрајност+ и преку утехата+ од Писмата да имаме надеж.+  А Бог, кој дава истрајност и утеха, нека ви овозможи во однесувањето еден кон друг да размислувате како Христос Исус,+  за да го славите Богот и Таткото на нашиот Господар Исус Христос еднодушно,+ со една уста.  Затоа, примајте се еден со друг,+ како што и Христос нѐ прими нас,+ на Божја слава.  Зашто, велам дека Христос им стана слуга+ на обрежаните+ за да ја потврди Божјата вистинољубивост+ и веродостојноста на ветувањата,+ кои Бог им ги даде на нивните прататковци,  и за да можат народите*+ да го слават Бог поради неговото милосрдие.+ Како што е напишано: „Затоа, јавно те признавам меѓу народите и со песна го славам твоето име“.+ 10  И уште вели: „Веселете се, народи, со неговиот народ!“+ 11  И уште: „Фалете го Јехова, сите народи, фалете го, сите племиња!“+ 12  А Исаија вели: „Ќе се појави коренот на Јесеј,+ ќе стане за да владее со народите.+ На него ќе се надеваат народите“.+ 13  Бог, кој дава надеж, нека ве исполни со секоја радост и мир затоа што верувате, за да обилувате со надеж преку силата на светиот дух.+ 14  А јас и самиот сум уверен за вас, браќа мои, дека и вие сте полни со доброта, исполнети со сето потребно знаење+ и дека можете да се опоменувате еден со друг.+ 15  Сепак, за некои работи ви пишувам поотворено, за да ве потсетам+ на нив, поради незаслужената доброта што ми ја покажа Бог+ 16  за да го вршам светото дело на проповедање на Божјата добра вест+ како слуга* на Христос Исус меѓу другите народи,+ за тие народи да му бидат принесени на Бог како пријатен принос,+ посветен со светиот дух.+ 17  Затоа можам да се фалам во Христос Исус+ во поглед на својата света служба за Бог.+ 18  Зашто, не се осмелувам да зборувам за ништо друго, освен за она што Христос го направи преку мене,+ за да бидат послушни народите.+ Тоа го направи преку мојот збор+ и преку моето дело, 19  со силата на чуда и предзнаци,+ со силата на светиот дух, така што од Ерусалим, па околу-наоколу+ сѐ до Илирик, темелно ја проповедав добрата вест за Христос.+ 20  И така решив да не ја објавувам добрата вест таму каде што Христос веќе бил спомнуван, за да не градам на темел што го положил некој друг,+ 21  туку, како што е напишано: „Оние на кои уште не им е навестен, ќе видат, и оние што уште не чуле, ќе разберат“.+ 22  Затоа и многупати бев спречуван да дојдам кај вас.+ 23  Но бидејќи сега во овие краишта повеќе нема подрачје каде што уште не се проповедало, а веќе неколку години копнеам да дојдам кај вас,+ 24  навистина се надевам дека ќе ве видам на поминување, кога ќе тргнам за Шпанија,+ и дека ќе ме испратите таму,+ откако најпрвин донекаде ќе се науживам во вашето друштво. 25  А сега одам во Ерусалим за да им помогнам* на светите.+ 26  Зашто, оние во Македонија* и Ахаја*+ со радост собраа помош+ за светите во Ерусалим, кои се сиромашни. 27  Вистина, тие со радост го направија тоа, а им беа и должници. Зашто, ако народите добија удел во нивните духовни добра,+ тогаш се и должни да им служат во нивните телесни потреби.+ 28  Според тоа, кога ќе го завршам тоа и кога уредно ќе им го предадам овој плод,+ ќе се упатам кон Шпанија и патем ќе дојдам кај вас.+ 29  А знам дека, кога ќе дојдам кај вас, ќе дојдам со обилен Христов благослов.+ 30  А ве заколнувам, браќа, преку нашиот Господар Исус Христос и преку љубовта што потекнува од духот,+ заедно со мене горливо да му се молите на Бог за мене,+ 31  за да бидам избавен+ од неверниците во Јудеја и помошта што ја носам во Ерусалим*+ да им биде прифатлива на светите,+ 32  па со Божја волја радосно да дојдам кај вас и да се поткрепам+ заедно со вас. 33  Бог, кој дава мир, нека биде со сите вас!+ Амин.

Фусноти

Или: „незнабошците“.
Или: „јавен слуга; слуга што служи за општото добро“.
Буквално: „служам“.
Види ја фуснотата за Де 16:9.
Види ја фуснотата за изразот „Ахаја“ во Де 18:12.
Или: „мојата служба што ја вршам за Ерусалим“.