Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Вреди да се биде чесен

Вреди да се биде чесен

Вреди да се биде чесен

„Сладок му е на човекот лебот стекнат со измама, но потоа устата му се полни со песок“ (Изреки 20:17).

АКО сакаш да си успешен во бизнисот, дали мораш да се служиш со нечесни работи? Не. Всушност, нечесноста обично создава проблеми. Зошто? Затоа што чесноста се цени повеќе од нечесноста. Ако си чесен, другите ќе имаат доверба во тебе, а довербата е многу важна за да се има долгорочен успех.

Колку вреди довербата

Чесноста се одразува врз твојот успех, сеедно дали си свесен за тоа или не. Ова го гледаме од она што му се случило на Франц, кој беше цитиран во претходната статија. Тој вели: „Кога се вработив во фирмата, без мое знаење газдите наместиле неколку ситуации за да проверат колку сум чесен. Подоцна сфатив дека сум го положил испитот. Затоа, ми беше дадена поголема одговорност и слобода, а сопствениците ме наградија за чесноста. Знам дека има луѓе што би можеле да ја вршат мојата работа подобро и кои се поталентирани од мене. Но, мислам дека не сум во опасност да ја изгубам работата затоа што газдите имаат доверба во мене“.

Избегнувај неразумен ризик

Дејвид, бизнисменот што беше цитиран во претходната статија, вели: „Кога гледав дека некои ги заобиколуваат правилата за да имаат некаква краткорочна добивка, си мислев: ‚Кога-тогаш ќе платат за ова‘. Со други зборови, нечесноста неизбежно носи проблеми. Одбивме голем број сомнителни зделки. Многу од фирмите кои беа вклучени во нив подоцна пропаднаа, а некои поединци беа и кривично гонети. Нашата фирма немаше такви проблеми“.

Кога решил да направи сточарска фарма во југоисточна Африка, Кен можел да се обиде да ги поткупи службениците за да ја забрза постапката за увоз на потребните работи и за да не плати царина. Тој вели: „Многу сточари дадоа поткуп, што е нормално тука. Бидејќи сакавме сѐ да биде чесно, ни требаа десет години за фармата да проработи. Дали тоа се исплати? Да! Луѓето што дадоа поткуп постојано беа малтретирани од корумпираните службеници кои сакаа да изнудат уште пари“.

Кога има економски проблеми

Кога една фирма има финансиски проблеми, притисокот да се вмеша во нечесни работи е голем. Меѓутоа, во такви околности може да се види и колку вреди некој да е познат како чесен човек.

Види што му се случило на Бил, чија градежна фирма пропаднала при колапсот на градежната индустрија во САД. Тој раскажува: „Многу од поголемите клиенти со кои соработувавме пропаднаа и ни останаа должни стотици илјади долари. Кога ситуацијата изгледаше безнадежна, отидов во една конкурентска фирма за да видам дали би можела да вработи некого од нас. Во рок од два дена, ми кажаа дека се спремни да нѐ вработат мене и повеќето од моите работници. Рекоа дека сум познат по тоа што добро и чесно си ја завршувам работата“.

Сите што беа цитирани во оваа статија се Јеховини сведоци. Мерилата за кои се држат во бизнисот, како и во секој друг сегмент од животот, се темелат на Библијата. Како што може да се види, тоа што се чесни не само што не е пречка за да бидат успешни во бизнисот туку и им се исплаќа.

Сепак, секогаш ќе има ситуации во кои изгледа дека нечесноста се исплаќа повеќе. Дали финансиската корист е единственото мерило за успех?

[Истакната мисла на страница 6]

Чесноста се одразува врз твојот успех, сеедно дали си свесен за тоа или не

[Слика на страница 7]

„Рекоа дека сум познат по тоа што добро и чесно си ја завршувам работата“ (Бил, САД)