Изреки 20:1-30

20  Виното е подбивно,+ опојниот пијалак е бучен,+ и секој што е заведен од него, не е мудар.+  Царот влева страв како и рикањето на младиот лав.+ Кој ќе го навлече на себе неговиот бес, греши против својата душа.+  Чест е за човекот да се воздржи од караница,+ а тој што е глупав, ќе се впушти во неа.+  Поради зимата, мрзливецот не ора;+ во времето на жетвата проси, но не добива ништо.+  Размислувањата во човековото срце се како длабока вода,+ а разборитиот човек знае како да ги исцрпи.+  Многу луѓе се фалат со својата добрина,*+ но кој ќе најде верен човек?+  Праведникот живее* непорочно.*+ Среќни се неговите синови по него.+  Царот седи на судскиот престол+ и го растерува сето зло со своите очи.+  Кој може да каже: „Го исчистив срцето,+ сега сум чист од својот грев“?+ 10  Двојни тегови и двојна ефа+ — обете му се одвратни на Јехова.+ 11  И детето се познава по она што го прави, дали е неговото дело чисто и исправно.+ 12  Увото што слуша и окото што гледа — обете ги направил Јехова.+ 13  Не сакај го сонот, за да не осиромашиш.+ Отвори си ги очите, насити се со леб.+ 14  „Лошо, лошо!“ — вели купувачот и заминува,+ а потоа се фали.+ 15  Има злато и многу бисери,* но усни на кои има знаење се скапоцен украс.+ 16  Земи му ја облеката на оној што гарантирал за туѓинец,+ и ако се здружи со блудница,* земи залог од него.+ 17  Сладок му е на човекот лебот стекнат со измама,+ но потоа устата му се полни со песок.+ 18  Успешни замисли* настануваат со советување,+ затоа, води ја својата војна со мудро водство.+ 19  Кој оди наоколу и клевети, открива тајни;+ затоа немој да си имаш работа со оној кого го заведуваат неговите усни.+ 20  На оној што ги проколнува татка си и мајка си,+ светилката ќе му се угасне кога ќе падне мрак.+ 21  Наследството кое од почетокот се стекнува со алчност,+ на крајот не е благословено.+ 22  Не вели: „Ќе вратам со зло!“+ Надевај се на Јехова,+ и тој ќе те спаси.+ 23  Двојни тегови му се одвратни на Јехова+ и лажната вага не е добра.+ 24  Од Јехова се човечките чекори.+ А како може човекот да го разбере својот пат?+ 25  Замка е кога човекот брзоплето ќе извика: „Ова е свето!“+ — а потоа размислува за она што го заветувал.+ 26  Мудриот цар ги растерува злите+ и ги става под тркало.+ 27  Здивот на човекот+ е Јеховина светилка, која испитува сѐ до дното на утробата.+ 28  Добрината* и вистинољубивоста го чуваат царот;+ со доброта тој го поддржува својот престол.+ 29  Убавина на младичите е нивната сила,+ а украс на старците е нивната седа коса.+ 30  Модринките го чистат злото,+ а ударите допираат до дното на утробата.+

Фусноти

Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Буквално: „оди“.
Види ја фуснотата за 1Мо 6:9.
Буквално: „корали“.
Буквално: „туѓинка“.
Или: „планови“.
Или: „Лојалната љубов“.