Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

„Ви благодариме што толку многу ги сакате луѓето“

„Ви благодариме што толку многу ги сакате луѓето“

„Ви благодариме што толку многу ги сакате луѓето“

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО РУСИЈА

◼ Пред да се пресели во новата Сала на Царството, едно собрание на Јеховините сведоци во источносибирскиот град Чита ги одржувало своите христијански состаноци во училница. Бидејќи Сведоците од тоа собрание редовно ја чистеле училницата, го поправале она што било расипано во неа, и биле љубезни и учтиви, од управата на училиштето добиле писмо во знак на благодарност.

Меѓу другото, во него пишува: „Ви благодариме што толку многу ги сакате луѓето. Тоа му е јасно на секој што ве познава. Ви благодариме и за тоа што им проповедате и им помагате на сите луѓе. Никогаш нема да го заборавиме она што го научивме од вас додека соработувавме сите овие години. Вие покажавте дека оние што веруваат во Бог се чесни, совесни, љубезни и, најважно од сѐ, имаат вера, јасна цел и смисла во животот“. Јеховините сведоци многу ги ценат овие зборови.

◼ Околу 5.500 километри западно од Чита, претставник од подружницата на Јеховините сведоци во Русија беше поканет на една посебна церемонија што ја организираше управата на областа Санкт Петербург. Од која причина? Недалеку од подружницата минува еден пат на кој се насобира ѓубре. Секоја година, кога ќе се стопи снегот, Јеховините сведоци помагаат да се исчистат околу 60 километри од патот. Во знак на благодарност за ваквата помош во корист на нивните сограѓани, едно службено лице официјално му врачи пофалница на претставникот на подружницата. Присутните воодушевено ракоплескаа. Интересно, кога еден од говорниците на церемонијата погрешно го изговори Божјето име, Јехова, неколкумина од присутните кои не се Сведоци веднаш го поправија. Ова покажува дека тие добро знаат кое е Божјето име и кои се Јеховините сведоци.

Службата на проповедање е главната причина зошто Јеховините сведоци се толку познати во Русија, каде што ги има околу 150.000. Тие се решени и понатаму да покажуваат љубов кон луѓето со тоа што ќе им ја пренесуваат утешната библиска порака на сите што сакаат да ја слушнат (Матеј 22:39).

[Слика на страница 29]

Руската подружница прими пофалница