Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Дали заедничкото живеење е добар темел за брак?

Дали заедничкото живеење е добар темел за брак?

Дали заедничкото живеење е добар темел за брак?

„ВО ИНДУСТРИСКИТЕ општества ширум светот, вообичаена појава“ е двајца од спротивен пол да живеат заедно иако не се во брак, стои во Journal of Marriage and Family. „Половина од паровите што живеат невенчано сметаат дека на овој начин можат уште пред да се земат да видат дали се еден за друг.“ Ако е така, тогаш меѓу оние што подоцна ќе решат да стапат во брак „не би требало воопшто да има такви што меѓусебно не си одговараат, а и нивните бракови би требало да бидат многу постабилни“, додава списанието.

„Но, фактите наведуваат на сосема спротивен заклучок“, се вели понатаму. „Повеќето од оние што живееле невенчано пред да се земат не се толку задоволни во бракот, поминуваат помалку време во заеднички активности, имаат повеќе несогласувања, помала поддршка од партнерот, помал успех во решавањето на тешкотиите и почесто се жалат на брачни проблеми . . . Освен тоа, во споредба со оние што не живееле невенчано, кај овие парови се поголеми шансите да се разведат.“

Како што покажува ова истражување, она што изгледа мудро од човечка гледна точка, всушност може да биде многу немудро. Овој факт само ја потврдува вистинитоста на зборовите од Еремија 10:23: „Човекот, кој што оди не може да ги управува своите чекори!“ Далеку помудро е да се бара водство од Божјата реч, Библијата, која содржи прекрасни совети во врска со бракот (2. Тимотеј 3:16). На пример, во однос на брачната врска Библијата вели: „Човекот ќе ги остави татка си и мајка си, и ќе се прилепи кон својата жена; и тие ќе станат едно тело“ (Битие 2:24; Матеј 19:5).

Ако послушно го следиме ова Божје упатство наместо да се потпираме на човечките размислувања кои честопати се променливи и полни со недостатоци, ќе имаме многу поголеми шанси за еден навистина траен и среќен брак (Пословици 3:5, 6).