Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ

Дали ги гледаш Божјите особини?

Дали ги гледаш Божјите особини?

Кога ќе ги подигнеш очите кон ѕвезденото небо, кога ќе забележиш некој убав цвет или ќе видиш прекрасен водопад, дали ја гледаш Божјата рака зад сето тоа? Особините на Јехова јасно се гледаат во неговото творештво (Ри 1:20). Ако одвојуваме време да размислуваме за она што го гледаме, ќе можеме да ги видиме моќта, љубовта, мудроста, правдата и великодушноста на нашиот Творец (Пс 104:24).

Кои творби на Јехова ги забележуваш секој ден? Дури и ако живееш во голем град, можеш да видиш птици и дрвја. Ако внимателно ги набљудуваме созданијата, тоа ќе ни помогне да не бидеме претерано загрижени, да го насочиме вниманието кон поважните работи и да си ја зајакнеме довербата во Јехова дека тој ќе се грижи за нас во сета вечност (Мт 6:25-32). Ако имаш деца, помогни им и тие да ги забележат извонредните особини на Бог. Колку повеќе го цениме творештвото околу нас толку поблиски стануваме со Творецот (Пс 8:3, 4).

ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ ЧУДАТА НА СОЗДАВАЊЕТО ЈА ОБЈАВУВААТ БОЖЈАТА СЛАВА — СВЕТЛИНАТА И БОИТЕ, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:

  • Како пигментите ни помагаат да гледаме разни бои?

  • Зошто некои бои се прелеваат?

  • Зошто на небото можат да се забележат различни бои?

  • Кои впечатливи бои во творештвото си ги забележал во твојата околина?

  • Зошто е важно да одвојуваме време за да ја набљудуваме природата?

Што ни откриваат светлината и боите за особините на Јехова?