Псалми 8:1-9
На управителот, за гитит.*+ Давидова песна.
8 О Јехова, Господару наш, колку е величествено името твое по целата земја,+за твојата чест се зборува над небесата!+
2 Со зборовите од устата на деца и на доенчиња им ја покажа својата сила+на оние што ти се противат,+за да ги запреш непријателот и одмаздникот.+
3 Кога ги гледам небесата твои, дело на твоите прсти,+месечината и ѕвездите што си ги направил+ —
4 што е смртниот човек,+ па да мислиш на него,+и земниот човек, па да се грижиш за него?+
5 Си го направил малку помал од оние што му се слични на Бог,*+со слава+ и со сјај си го овенчал.+
6 Си му дал да владее над делата на твоите раце,+сѐ си ставил под неговите нозе:+
7 сета ситна стока и говедата,+и полските животни,+
8 птиците небесни и рибите морски,+сѐ што плива по морските патеки.+
9 О Јехова, Господару наш, колку е величествено името твое по целата земја!+