Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Дали постои надеж за мртвите?

Дали постои надеж за мртвите?

Учи од Божјата Реч

Дали постои надеж за мртвите?

Во оваа статија се разгледани прашања за кои можеби си размислувал. Таа ќе ти покаже каде можеш да го најдеш одговорот во твојата Библија. На Јеховините сведоци ќе им биде мило да разговараат со тебе за овие прашања.

1. Каква е надежта за мртвите?

Кога Исус пристигнал во Витанија, во близината на Ерусалим, неговиот пријател Лазар веќе четири дена бил мртов. Исус го посетил гробот заедно со Марта и Марија, кои му биле сестри на починатиот. За кратко време, се собрале и други луѓе. Можеш ли да си замислиш колку биле радосни Марта и Марија кога Исус го воскреснал Лазар? (Прочитај Јован 11:20-24, 38-44.)

Марта верувала дека мртвите ќе воскреснат. Верните слуги на Јехова отсекогаш знаеле дека во иднина, Бог ќе ги воскресне мртвите за да живеат повторно на Земјата. (Прочитај Јов 14:14, 15.)

2. Во каква состојба се мртвите?

Иако животната сила, или „дух“, ги одржува во живот луѓето и животните, ние не сме духови што живеат во физичко тело (Проповедник 3:19; 1. Мојсеева 7:21, 22). Ние сме суштества од крв и месо, создадени од земниот прав (1. Мојсеева 2:7; 3:19). Кога нашиот мозок ќе престане да функционира, мислите повеќе не постојат. Затоа, откако Лазар воскреснал, не можел да каже ништо за времето кога бил мртов, бидејќи мртвите не се свесни за ништо. (Прочитај Псалм 146:4; Проповедник 9:5, 10.)

Јасно, мртвите не страдаат. Затоа, не е точно учењето дека Бог ги мачи луѓето по смртта. Тоа е клевета за Бог бидејќи нему му е одвратна дури и самата помисла луѓето да се мачат во оган. (Прочитај Еремија 7:31.)

3. Можеме ли да зборуваме со мртвите?

Мртвите не можат да зборуваат (Псалм 115:17). Но, злобните ангели може да зборуваат со луѓето, тврдејќи дека се лицата што починале (2. Петрово 2:4). Јехова забранува да се обидуваме да зборуваме со мртвите. (Прочитај 5. Мојсеева 18:10, 11.)

4. Кој ќе воскресне?

Во новиот свет што ќе дојде, милиони луѓе кои се во гробовите повторно ќе бидат вратени во живот. Ќе бидат воскреснати дури и оние што правеле лоши работи затоа што не го познавале Јехова. (Прочитај Лука 23:43; Дела 24:15.)

Воскреснатите ќе можат да ја дознаат вистината за Бог и да покажат вера во Исус со тоа што ќе бидат послушни (Откровение 20:11-13). Луѓето што ќе воскреснат и ќе го прават она што е добро, ќе можат да живеат вечно на Земјата. Меѓутоа, некои од оние што ќе бидат вратени во живот, ќе продолжат да прават лошо. Затоа, нивното воскресение ќе биде „воскресение за осуда“. (Прочитај Јован 5:28, 29.)

5. Што учиме за Јехова од воскресението?

Ќе има воскресение благодарение на тоа што Бог го испратил својот Син да го даде животот за нас. Така, Јехова ја покажал својата љубов и незаслужена доброта. (Прочитај Јован 3:16; Римјаните 6:23.)

Нешто повеќе можеш да прочиташ во 6. и 7. поглавје од книгата Што навистина учи Библијата?, издадена од Јеховините сведоци

[Слика на страница 16]

Адам бил создаден од земниот прав