Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Се сеќаваш ли?

Се сеќаваш ли?

Се сеќаваш ли?

Дали внимателно ги читаше последните неколку броеви од Стражарска кула? Види дали можеш да одговориш на следниве прашања:

• Кој бил Оливетан, и зошто неговиот превод е значаен за нас?

Французинот Пјер Робер бил познат како Оливетан. За време на реформацијата во 16 век, тој ја превел Библијата на француски. Во својот превод го користел зборот „надгледник“ наместо „бискуп“ и „собрание“ наместо „црква“. На неколку места го ставил името „Јехова“ (1/9, страници 18-20).

• Што сакал да каже Бог кога им го дал следново уверување на левитите: ‚Јас сум твоето наследство‘?

На секое израелско племе му било доделено парче земја, но левитите го добиле Јехова како свое „наследство“ (4. Мој. 18:20). Тие не наследиле дел од земјата, но имале голема чест да му служат на Јехова на посебен начин. Сепак, тој се грижел и за нивните материјални потреби. Денес, оние што имаат чест да учествуваат во службата за Царството можат да бидат уверени дека Бог ќе се грижи и за нивните основни потреби (15/9, страници 7-8, 13).

• Од каде знаеме кога Вавилонците го уништиле древниот Ерусалим?

Историчарите од класичниот период даваат контрадикторни информации за вавилонските цареви и за тоа колку долго владееле. Сепак, изучувачите се согласуваат дека Кир II го освоил Вавилон во 539 пр.н.е., која е значајна појдовна година. Евреите биле ослободени и се вратиле во својата татковина до есента 537 год. пр.н.е. Библијата вели дека нивното изгнанство траело 70 години. Според тоа, Ерусалим сигурно бил уништен во 607 год. пр.н.е. (2. Лет. 36:21, 22; Ерем. 29:10; Дан. 9:1, 2; 1/10, страници 26-31).

• Што може да им помогне на христијаните да одредат дали некоја разонода е изградувачка или не?

За да одредиме дали некоја разонода е изградувачка за нас и дали го радува Бог, треба да се прашаме: Каква разонода избирам? Колку време трошам на рекреација? Со кого го минувам слободното време? (15/10, страници 9-12).

• Зошто е погрешно да се абортира?

За Бог животот е свет и за него човечкиот ембрион е посебно, живо суштество (Пс. 139:16). Абортусот е убиство. Ова се гледа од Мојсеевиот закон, каде што стоело дека оној што ќе повреди неродено дете треба да одговара за тоа (2. Мој. 21:22, 23; 1/11, страница 6).

• Како може извештајот од Изреки 7:6-23 да ни помогне да не гледаме порнографија?

Во тие стихови пишува дека еден младич чекорел по улица каде што знаел дека живее една неморална жена. Таа го завела. Денес, треба да избегнуваме интернет страници каде што има неморални слики и видеоклипови. Освен тоа, важно е да го молиме Бог да ни помогне уште пред да се најдеме на искушение да гледаме таков материјал на интернет (15/11, страници 9-10).

• Од каде знаеме дека Земјата ќе ја преживее 2012 год.?

Поради циклусите што се спомнуваат во еден древен календар на Маите, некои веруваат дека крајот на светот ќе дојде во 2012 год. Но, тоа не е можно, бидејќи Јехова ја создал Земјата за да биде населена. Библијата вели дека таа ќе остане засекогаш (Проп. 1:4; Иса. 45:18; 1/12, страница 10).

• Кои од писателите на Христијанските грчки списи биле присутни во Ерусалим на Педесетница 33 год. од н.е.?

Изгледа дека на тој настан присуствувале шестмина од писателите на Христијанските грчки списи. Таму биле тројцата апостоли Матеј, Јован и Петар, двајца од полубраќата на Исус — Јаков и Јуда — а веројатно и младиот Марко (1/12, страница 22).