Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Се сеќаваш ли?

Се сеќаваш ли?

Се сеќаваш ли?

Уживаше ли во читањето на последните неколку броеви од Стражарска кула? Види дали можеш да одговориш на следниве прашања:

• Зошто е толку важно да останеме беспрекорни како христијани?

Ако сме беспрекорни, ќе можеме да покажеме дека од љубов му се подложуваме на Јехова и ќе докажеме дека Сатана е лажливец. Освен тоа, Бог ќе може да ни суди врз основа на нашата беспрекорност, па според тоа, таа е од пресудна важност и за нашата надеж за иднината (15.12., страници 4-6).

• Кои титули на Исус укажуваат на улогата што ја има во Божјата намера?

Единороден Син. Речта. Амин. Посредник на новиот сојуз. Првосвештеник. Ветеното потомство (15.12., страница 15).

• Зошто е значајно тоа што Илија го испратил слугата да погледне кон морето додека овој пророк се молел да заврне дожд? (1. Цар. 18:43-45).

Ова покажува дека на Илија му бил познат циклусот на водата. Облаците што се формираат над морето се движат кон копното каде што од нив може да паѓа дожд (1.1., страници 15, 16).

• Како можеме да бидеме уште порадосни во службата?

Можеме да си го подготвиме срцето ако го насочиме вниманието на тоа да им помагаме на другите. Треба да проповедаме со цел да започнеме библиски студии. Ако наидеме на рамнодушност, можеме да го смениме пристапот и да зборуваме за работи што ги интересираат луѓето на нашето подрачје (15.1., страници 8-10).

• Дали лепрата што се спомнува во Библијата е иста со денешната лепра?

Бактериската инфекција позната како лепра навистина постоела во библиски времиња (3. Мој. 13:4, 5). Но, Библијата исто така зборува и за лепра што се ширела по облеката и по куќите. Веројатно таа „лепра“ била некој вид мувла (3. Мој. 13:47-52; 1.2., страница 19).

• Како библиските учења треба да влијаат врз ставот што еден христијанин ќе го има кон погребите и кон погребните обичаи?

Иако христијанинот можеби жали поради смртта на некој близок, тој знае дека мртвите не се свесни за ништо. Дури и ако лицата што не се Сведоци го критикуваат, тој не ги држи обичаите кои се поврзани со верувањето дека мртвите можат да влијаат врз живите. За да нема проблеми, некои христијани ги изнесуваат на хартија упатствата за својот погреб (15.2., страници 29-31).

• Според Псалм 1:1, од кои три работи треба да се држиме настрана ако сакаме да бидеме среќни?

Стихот ги спомнува „советот на злите“, „патот на грешниците“ и „друштвото на потсмевачите“. Значи, за да бидеме среќни, не треба да се дружиме со оние што ги исмеваат или ги игнорираат Божјите закони. Наместо тоа, треба да уживаме во законот на Јехова (1.3., страница 17).

• Дали „книгата на Јашар“ и „Книгата на Јеховините војни“ се книги од Библијата што биле изгубени со текот на времето? (Ис. Нав. 10:13; 4. Мој. 21:14).

Не. Изгледа дека се работи за документи што, иако не биле вдахновени од Бог, постоеле во библиски времиња и на кои се осврнале некои од писателите на Библијата (15.3., страница 32).

• Која значајна промена била направена на еден современ превод на Библијата на латински?

Во 1979 год., папата Јован Павле II го одобрил излегувањето на Нова Вулгата, нов превод на латински. Во првото издание, Божјето име, Иахвех, се појавувало на неколку места (2. Мој. 3:15; 6:3). Меѓутоа, во второто официјално издание од 1986 год., името Иахвех било заменето со Dominus [Господ] (1.4., страница 22).