Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Да се достигнат оние до кои тешко се доаѓа

Да се достигнат оние до кои тешко се доаѓа

Објавителите на Царството известуваат

Да се достигнат оние до кои тешко се доаѓа

ЈЕХОВИНИТЕ СВЕДОЦИ настојуваат да стапат во контакт со секого што можат за да му ја пренесат пораката за Царството. Понекогаш се потребни посебни напори за да се дојде до оние што ретко се дома (Марко 13:10). Во овој поглед, еден специјален пионер во една јужноамериканска земја го раскажува следново искуство.

„Еден ден дознав дека државниот гувернер ќе го посети подрачјето што ни е доделено на мојата сопруга и мене. Со оглед на тоа што тој очигледно беше еден од оние што ретко се дома, му напишав писмо во кое приложив неколку библиски публикации, вклучувајќи ја и брошурата Што бара Бог од нас? и книгите Човештвото во потрага по Бог и Спознание кое води до вечен живот. Во писмото ја објаснив целта на секоја од овие публикации.

Бидејќи ме интересираше неговата реакција на литературата, замолив да се сретнам со него. По неколку седмици тоа ми беше дозволено и со себе ја понесов видеокасетата Јеховини сведоци — организацијата зад името. Средбата траеше околу два часа. Откако ја гледавме касетата со гувернерот, го прашав што мисли за неа. Тој одговори: ‚На Земјата не постои друга организација како вашата. Би сакал да имам луѓе како вас што би можеле да ми помогнат да ги довршам моите владини проекти!‘ Потоа ме праша дали некогаш сум бил во светското седиште на нашата организација. Му реков дека, иако тоа ми е цел уште од мојата 14-та година, сѐ уште не сум имал прилика да го посетам нашето светско седиште во Бруклин (Њујорк). Тоа беше една од оние тешко достижни цели. Ме погледна внимателно за момент. Потоа рече дека тој би сакал да ја имам таа прилика. Се погрижи за нашите законски дозволи и како подарок ни даде авионски карти!

Сега гувернерот редовно ги добива списанијата Стражарска кула и Разбудете се!. Се надеваме дека наскоро ќе можеме да започнеме библиска студија со него.“