Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Што вели Библијата?

Што вели Библијата?

Што е Армагедон?

Некои луѓе мислат...

дека Армагедон е целосно уништување на Земјата со нуклеарно оружје или, пак, од природна катастрофа. Што мислиш ти?

Што вели Библијата

Зборот Армагедон ја означува „војната која ќе се случи во големиот ден на Семоќниот Бог“ и која ќе се води против злобните (Откровение 16:14, 16).

Што друго учиме од Библијата?

  • Бог нема да ја поведе војната Армагедон за да ја уништи Земјата туку, напротив, за да ја спаси од луѓето кои би ја уништиле (Откровение 11:18).

  • Војната Армагедон ќе им стави крај на сите војни (Псалм 46:8, 9).

Дали некој ќе ја преживее војната Армагедон?

Што мислиш ти?

  • Да

  • Не

  • Можеби

Што вели Библијата

„Големо мноштво луѓе“ од сите народи ќе ја преживеат „големата неволја“, која ќе заврши со војната Армагедон (Откровение 7:9, 14).

Што друго учиме од Библијата?

  • Бог сака што е можно повеќе луѓе да го преживеат Армагедон. Тој ги уништува злобните само кога нема друг избор (Езекиел 18:32).

  • Библијата открива како може да го преживееме Армагедон (Софонија 2:3).