Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Што навистина ни носи иднината?

Што навистина ни носи иднината?

Дали некогаш си се прашувал каква иднина ни претстои? Библијата покажува дека наскоро ќе се случат многу значајни настани кои ќе влијаат врз сите луѓе на Земјата.

Исус објаснил како ќе знаеме „дека Божјето царство е близу“ (Лука 21:31). Тој претскажал дека, меѓу другото, ќе има војни од светски размери, силни земјотреси, глад и болести. Сите тие работи се случуваат пред наши очи (Лука 21:10-17).

Во 2. Тимотеј 3:1-5, a Библијата прорекла и кои неубави особини и ставови ќе ги имаат луѓето во „последните денови“ од човечкото владеење. Кога гледаш дека луѓето околу нас размислуваат и се однесуваат на лош начин, сигурно се согласуваш дека ова библиско пророштво содржи точен опис на она што се случува денес.

Што значи ова? Тоа значи дека е близу времето кога Божјето Царство ќе направи огромни промени кои ќе го сменат животот на подобро (Лука 21:36). Во Библијата, Бог дал многу убави ветувања во врска со Земјата и со луѓето што ќе живеат на неа. Да наведеме некои од нив.

ДОБРА ВЛАДА

„Нему [на Исус] му беа предадени власта, честа и царството за да му служат сите народи, племиња и јазици. Неговата власт е вечна власт, која никогаш нема да помине, и неговото царство нема да пропадне“ (ДАНИЕЛ 7:14).

Што значи ова: Ќе можеш да живееш под власта на една далеку повозвишена влада воспоставена од Бог, со Исус Христос како Цар. Таа ќе владее над целата Земја.

ДОБРО ЗДРАВЈЕ

„Никој од жителите нема да рече: ’Болен сум‘“ (ИСАИЈА 33:24).

Што значи ова: Никогаш нема да се разболиш или да страдаш од некаков инвалидитет. Ќе можеш да живееш без никогаш да умреш.

НАСЕКАДЕ ЌЕ ВЛАДЕЕ МИР

„Ги прекинува војните до крајот на земјата“ (ПСАЛМ 46:9).

Што значи ова: Нема повеќе да се плашиме од војни и од страдањата што тие ги причинуваат.

ЗЕМЈАТА ЌЕ БИДЕ ПОЛНА СО ДОБРИ ЛУЃЕ

„Злиот ќе го снема... Кротките ќе ја поседуваат земјата“ (ПСАЛМ 37:10, 11).

Што значи ова: Повеќе ќе нема зли луѓе. На Земјата ќе живеат само оние што му се послушни на Бог.

ЦЕЛАТА ЗЕМЈА ЌЕ СТАНЕ РАЈ

„Тие ќе градат куќи и ќе живеат во нив, ќе садат лозја и ќе го јадат нивниот род“ (ИСАИЈА 65:21, 22).

Што значи ова: Целата Земја ќе биде прекрасна. Бог ќе одговори на нашата молитва неговата волја да се врши „на земјата“ (Матеј 6:10).

a Можеш да ја читаш Библијата онлајн на www.jw.org/mk.