Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Јеховини сведоци

македонски

Што ќе постигне Божјето Царство?

Што ќе постигне Божјето Царство?

Што вели Библијата:

Божјето Царство ќе ги замени сите човечки влади и ќе ја спроведе својата власт над целата Земја (Даниел 2:44; Откровение 16:14). Што ќе постигне Божјето Царство?

  • Ќе ги отстрани злобните луѓе, чија себичност им нанесува болка на другите. „Злите ќе бидат истребени од земјата“ (Изреки 2:22).

  • Ќе им стави крај на војните. „[Бог] ги прекинува војните до крајот на земјата“ (Псалм 46:9).

  • Ќе има мир и благосостојба по целата Земја. „Секој ќе седи под својата лоза и под својата смоква и никој нема да го плаши“ (Михеј 4:4).

  • Ќе ја претвори Земјата во рај. „Ќе се радуваат пустината и безводниот крај, ќе се весели пустелијата и ќе процвета како шафран“ (Исаија 35:1).

  • Сите ќе имаат работа што ги исполнува. „[Божјите] избраници ќе уживаат во плодовите на своите раце. Нема да се трудат залудно“ (Исаија 65:21-23).

  • Ќе ги отстрани болестите. „Никој од жителите нема да рече: ,Болен сум‘“ (Исаија 33:24).

  • Никој нема да биде стар. „Неговото тело нека стане посвежо отколку во младоста, нека се врати во деновите на својата младешка сила“ (Јов 33:25).

  • Ќе ги врати мртвите во живот. „Сите оние што се во гробовите ќе го чујат [Исусовиот] глас и ќе излезат“ (Јован 5:28, 29).

 

Нешто повеќе

ДОБРА ВЕСТ ОД БОГ!

Која е добрата вест?

Дознај која е добрата вест од Бог, зошто е важна и што треба да правиме ние.

ШТО НАВИСТИНА УЧИ БИБЛИЈАТА?

Каква е Божјата намера со Земјата?

Дали некогаш ќе се исполни Божјата намера да има рај на Земјата? Ако да, кога?