Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Распоред за читање на Библијата

Распоред за читање на Библијата

Библијата ги содржи најмудрите совети за животот. Ако секојдневно ја читаш Библијата, длабоко размислуваш за тоа што си го прочитал и го применуваш она што си го научил, тогаш „ќе бидеш успешен на својот пат“ (Исус Навин 1:8; Псалм 1:1-3). Освен тоа, ќе ги запознаеш Бог и неговиот син, Исус, а тоа ќе ти помогне да добиеш вечен живот (Јован 17:3).

По кој редослед да ја читаш Библијата? За тоа можеш самиот да одлучиш. Со помош на овој распоред ќе можеш да ги читаш библиските книги по ред или тематски. На пример, можеш да ги читаш деловите кои зборуваат за тоа како Бог постапувал со древните Израелци низ историјата. Или, пак, можеш да ги читаш деловите од кои ќе дознаеш како било формирано и како растело христијанското собрание во првиот век. Ако секој ден ги читаш наведените поглавја, за една година ќе ја прочиташ целата Библија.

Овој распоред може да им биде од помош на оние што сакаат да ја читаат Библијата секој ден, на оние што сакаат да ја прочитаат за една година, како и на оние што ја читаат за прв пат. Преземи го овој распоред за читање на Библијата, испечати го и почни со читање уште денес.