Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | ДАЛИ СИ МУ ВАЖЕН НА БОГ?

Бог бдее над тебе

Бог бдее над тебе

„[Божјите] очи се насочени кон човековите патишта, сите негови чекори тој ги гледа“ (ЈОВ 34:21)

Колку помало е детето, толку поголема родителска грижа му е потребна

ЗОШТО НЕКОИ СЕ СОМНЕВААТ ВО ТОА: Според едно неодамнешно истражување, само во нашата галаксија веројатно има најмалку 100 милијарди планети. Со оглед на тоа што вселената е бескрајно голема, многу луѓе се прашуваат: ,Зошто еден семоќен Творец би гледал што прават безначајните луѓе на оваа мала планета?‘

ШТО ВЕЛИ БОЖЈАТА РЕЧ: Од грижа кон нас, Бог ни ја дал Библијата. Но, тоа не значи дека повеќе не се интересира за нас. Напротив, тој нѐ уверува: „Ќе те советувам, моето око ќе биде над тебе“ (Псалм 32:8).

Да видиме што се случило со Агара, една Египќанка што живеела пред околу 4.000 години. Таа не покажала почит кон својата господарка Сараја, па затоа Сараја ја понижила и Агара избегала во пустината. Со оглед на тоа што Агара постапила погрешно, дали Бог престанал да се грижи за неа? Библијата вели: „Јеховин ангел подоцна ја најде“. Ангелот ја охрабрил Агара со зборовите: „Јехова чу за твојата мака“. Тогаш Агара му рекла на Јехова: „Ти си Бог што гледа“ (1. Мојсеева 16:4-13).

,Богот што гледа‘ бдее и над тебе. Да наведеме еден пример: Една грижлива мајка посебно внимава на децата кога се мали, затоа што колку помало е детето, толку поголема родителска грижа му е потребна. Слично на тоа, Бог посебно внимава на нас кога сме слаби и ранливи. „Јас живеам во висините и на свето место“, вели Јехова, „а јас сум и со оние што имаат скршен и понизен дух, за да го оживеам духот на понизните, да го оживеам срцето на скршените“ (Исаија 57:15).

Сепак, можеби се прашуваш: ,Како Бог бдее над мене? Дали ме просудува на темел на она што се гледа на прв поглед или гледа под површината и навистина ме разбира?‘