Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

До нашите читатели

До нашите читатели

Списанието што го читаш сега почна да излегува во јули 1879 год. Оттогаш времињата се променија — па затоа се менуваше и изгледот на ова списание. (Види ги сликите горе.) Почнувајќи од овој број, ќе забележиш нови промени во Стражарска кула. Што ќе биде поинаку?

Во многу земји, сѐ повеќе луѓе сакаат да користат Интернет затоа што само со едно притискање на компјутерското глувче можат да дојдат до посакуваните информации. Многу книги, списанија и весници може да се читаат во електронски формат.

Имајќи го ова на ум, неодамна направивме измени на нашата веб-страница www.jw.org и сега е уште поинтересна и полесна за пребарување. Оние што ја посетуваат оваа страница можат да читаат публикации што излегуваат на повеќе од 430 јазици. Меѓутоа, почнувајќи од овој месец, посетителите на нашата веб-страница ќе можат да читаат и одредени рубрики што редовно излегуваа во нашите печатени списанија, но отсега ќе излегуваат само на нашата интернет-страница. a

Бидејќи многу статии ќе излегуваат само на Интернет, почнувајќи од овој број изданието на Стражарска кула наменето за пошироката публика ќе се намали од 32 на 16 страници. Стражарска кула веќе се преведува на 204 јазици. Сега, откако бројот на страници е намален, ова списание ќе може да се преведува на уште повеќе јазици.

Се надеваме дека овие промени ќе ни овозможат да им ја пренесеме на што е можно повеќе луѓе библиската порака која спасува животи. Решени сме и понатаму да обезбедуваме изобилство поучни и интересни информации — и во печатено и во електронско издание — за нашите читатели кои ја ценат Библијата и кои сакаат да дознаат што навистина учи таа.

Издавачите

a Некои од рубриките што ќе може да се читаат само на Интернет се „Катче за младите“, во која има предлози за проучување на Библијата наменети за помладите, и „Што учам од Библијата“, рубрика што родителите можат да ја користат за да ги поучуваат своите деца помали од 3 години.