Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Светиот дух — зошто владее збрка?

Светиот дух — зошто владее збрка?

Светиот дух — зошто владее збрка?

ШТО е светиот дух? Иако ова прашање е многу едноставно, изгледа дека не е баш лесно да се даде и едноставен одговор. Папата Бенедикт XVI му се обратил на едно мноштво народ во Австралија со следниве зборови: „Речиси е невозможно јасно да го разбереме светиот дух“.

Факт е дека постојат најразлични мислења и голема несигурност во врска со прашањето: ‚Што е светиот дух?‘ Еве неколку типични одговори:

• Светиот дух е вистинска личност која живее во Христовите ученици.

• Светиот дух е Божја наука, Божји закон што дејствува.

• Светиот дух е Божјата активна присутност во светот.

• Светиот дух е третата личност во тројството, или Света Троица.

Зошто владее ваква збрка? Таа датира од 4 век од н.е., кога некои теолози тврделе дека светиот дух е личност која на некој начин е еднаква со Бог. Меѓутоа, ова учење го нема во Библијата ниту, пак, го ширеле првите следбеници на Христос. Во една католичка енциклопедија се објаснува: „Во Стариот завет, Божјиот дух воопшто не е прикажан како личност... Божјиот дух едноставно е Божјата сила“. Понатаму во истата енциклопедија се вели: „Повеќето стихови од Новиот завет откриваат дека Божјиот дух е нешто, а не некој; ова особено се гледа од совпаѓањето помеѓу духот и Божјата сила“ (New Catholic Encyclopedia).

Разбирливо е што на луѓето им е тешко да сфатат како е можно една сила да биде личност. Така, една неодамнешна анкета во САД откри дека повеќето луѓе не се согласуваат со идејата дека светиот дух е личност или „живо битие“. Дали се во право? Или треба да им веруваме на теолозите кои упорно тврдат дека „светиот дух е Личност која е одвоена од Таткото и од Синот“?

За да добиеме точен одговор, треба да видиме што вели во врска со ова Божјата реч, Библијата, во која детално е опишан светиот дух. Апостол Павле напишал: „Целото Писмо е вдахновено од Бог и корисно за да се поучиме за вистината и за да се исправат грешките“ (2. Тимотеј 3:16, Today’s English Version).

Зошто треба да се потрудиш да ја дознаеш вистината за светиот дух? Затоа што таа вистина може да ти помогне да добиеш помош од Бог. Дали некогаш чувствуваш дека немаш повеќе сила да продолжиш? Исус им ветил на своите ученици: „Молете, и ќе ви се даде... Ако вие... знаете да им давате на своите деца добри дарови, колку повеќе Таткото, кој е на небото, ќе им даде свет дух на оние што го молат за тоа“ (Лука 11:9, 13).

Во следните статии ќе дозволиме Светото писмо да ни објасни што е светиот дух. Исто така, ќе видиме како може таа сила да ни помага во животот.

[Истакната мисла на страница 3]

Светото писмо ни објаснува што е светиот дух