Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Прашања од читателите

Прашања од читателите

Прашања од читателите

Дали змијата што зборувала со Ева имала нозе?

Како што пишува во 1. Мојсеева 3:14, Јехова Бог ѝ зборувал на змијата што ја измамила Ева во градината Еден. Тој рекол: „Затоа што го направи ова, проклета да си меѓу сите домашни животни и меѓу сите диви полски животни! Ќе ползиш на мевот и ќе јадеш прав во сите денови на својот живот“. Библијата не кажува конкретно дека животното што било употребено за да ја искуша Ева претходно имало нозе, а потоа ги изгубило. Иако зборовите од 1. Мојсеева 3:14 можат некого да го наведат на таа помисла, не треба непотребно да заклучиме дека, пред да биде изречено ова проклетство, змиите имале нозе. Зошто го велиме тоа?

Главно затоа што Јехова, всушност, го осудил Сатана — невидливиот дух кој го злоупотребил тоа обично животно. Библијата го опишува Сатана како „татко на лагата“ и „празмијата“. Се чини дека и двата израза укажуваат на тоа дека Сатана употребил едно видливо животно, змија, како своја марионета за да ја наговори Ева да не ја послуша Божјата заповед (Јован 8:44; Откровение 20:2).

Бог ги создал змиите, а изгледа дека Адам им го дал името на змиите пред Сатана да употреби една од нив за да ја измами Ева. За таа измама не била виновна змијата што зборувала со Ева, бидејќи една змија не е обдарена со разум. Таа не била свесна дека Сатана манипулира со неа, и не можела да ја разбере осудата што Бог им ја изрекол на сите што во тој момент му биле непослушни.

Тогаш зошто Бог зборувал за физичко понижување на змијата? Змијата во својата природна околина ползи на мевот и го исплазува јазикот како да лиже прав. Таквото однесување соодветно ја опишува понижената состојба на Сатана. Тој претходно имал многу висока положба како еден од Божјите ангели, но бил понижен — а таа состојба во Библијата е наречена тартар (2. Петрово 2:4).

Освен тоа, како што дословната змија може да го рани човекот во петицата, така Сатана, во својата понижена состојба, требало да ‚го рани во петицата‘ Божјето „потомство“ (1. Мојсеева 3:15). Се покажало дека главниот дел од тоа потомство е Исус Христос, кој некое време страдал од Сатановите застапници. Но, на крајот, Христос и неговите воскреснати помазани христијански соработници засекогаш ќе ѝ ја смачкаат главата на симболичната змија (Римјаните 16:20). Според тоа, проклетството што Бог ѝ го упатил на видливата змија соодветно го претставува понижувањето и конечното уништување на невидливата ‚празмија‘, Сатана Ѓаволот.