Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Прашања од читателите

Прашања од читателите

Прашања од читателите

Зошто преводот Нов свет, во 5. Мојсеева (Второзаконие) 31:2, вели дека на Мојсеј ‚не му било дозволено да оди‘ пред Израелците како нивни водач, кога другите преводи покажуваат дека тој повеќе не можел да го прави тоа?

Иако хебрејскиот збор за кој зборуваме може да се преведе на двата начина, некои македонски преводи на Библијата ја пренесуваат мислата дека Мојсеј, пред крајот на својот живот, бил немоќен, физички неспособен да ја носи одговорноста на еден водач. На пример, Д-р/Д-р Душан Константинов ги преведува зборовите на Мојсеј на следниов начин: „Мене ми се денес сто и дваесет години... не можам веќе да влегувам и да излегувам“. Речиси истото стои и во Светото писмо на архијерејскиот синод на Македонската православна црква: „Не можам веќе да излегувам и да влегувам“.

Меѓутоа, 5. Мојсеева 34:7 покажува дека Мојсеј, и покрај тоа што бил во поодминати години, не бил немоќен. Таму се вели: „Кога умре, Мојсеј имаше сто и дваесет години. Неговото око не ослабе, и силата не го издаде“. Според тоа, Мојсеј физички бил способен да го води народот, но не било Јеховина волја тој и понатаму да го прави тоа. Ова се гледа од зборовите на самиот Мојсеј: „Јехова рече: ‚Нема да го преминеш овој Јордан‘“. Јехова очигледно го повторил она што го одлучил и го кажал кај водите на Мерива (4. Мојсеева 20:9-12).

Животот на Мојсеј бил долг и исполнет, и може да се подели на три периоди. Првите 40 години ги поминал во Египет, каде што ‚бил поучен за сета египетска мудрост‘ и ‚бил силен во своите зборови и дела‘ (Дела 7:20-22). Следните 40 години живеел во Мадијам, каде што развил особини какви што барал Јехова за да може да го води Неговиот народ. А последните 40 години, Мојсеј ги водел Израелците и раководел со нив. Но Јехова одлучил Исус Навин, а не Мојсеј, да го одведе народот преку реката Јордан и да го воведе во Ветената земја (5. Мојсеева 31:3).

Според тоа, преводот Нов свет го пренесува исправното значење на 5. Мојсеева 31:2. Мојсеј престанал да го води Израел затоа што Јехова не му дозволил, а не затоа што бил физички неспособен.