Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Теократско ширење во Намибија

Теократско ширење во Намибија

Објавителите на Царството известуваат

Теократско ширење во Намибија

ДОБРАТА вест за Божјето Царство првпат стигнала во Намибија при крајот на 1920-тите години. Оттогаш па наваму, стотици искрени луѓе се одѕвале на Божјата порака за спасение. Следниве искуства покажуваат како Јехова ги собира овие пожелни поединци во своето трло (Агеј 2:7NW).

□ Со Полас, приватен земјоделец кој живее во североисточна Намибија, Јеховините сведоци првпат стапиле во контакт кога го посетил главниот град Виндхук. Брзо се уверил дека ја нашол вистината. Се вратил дома со книгата Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата. Потоа, на пат до Рунту, најблискиот град каде што имало Сала на Царството, Полас ги нашол Сведоците и ги преколнувал да го посетат.

Меѓутоа, растојанието било преголемо за да можат Сведоците да доаѓаат кај него и да водат седмична библиска студија. Полас не бил заплашен — почнал сам да ја проучува Библијата. Освен тоа, ревносно им проповедал на другите за работите кои ги учел. Со текот на времето, била формирана група за проучување на Библијата. Кога малата група чула на радио дека во Рунту ќе се одржи собир на Јеховините сведоци, ги скрпиле своите скудни заработувачки и организирале превоз за да присуствуваат.

Какво само возбудливо доживување било за нив тоа што можеле за првпат да се дружат со Јеховините сведоци! Наскоро биле направени подготовки квалификувани браќа редовно да ја посетуваат оваа група. Денес во селото каде што живее Полас има шест објавители.

□ Интересот на Јохана за Божјето име бил поттикнат кога чула како некој зборува лошо за Јеховините сведоци. Таа се присетува: „Кога првпат го чув името Јехова, тоа неизбришливо ми се врежа во мислите, и почнав да се прашувам кој е тој Јехова. Живеев со мојот сопруг во близина на Валфиш Беј на намибискиот брег. Еднаш отидовме во градот и видов како на улица некои Сведоци го дистрибуираат списанието Стражарска кула. Зедов примерок и, со оглед на тоа што имав многу прашања, замолив за библиска студија. Заплакав кога ме информираа дека не можат да дојдат бидејќи возилото им било расипано. Набрзо после тоа, мојот сопруг почина и се преселив во Кетмансхуп. Таму беше доделен еден специјален пионер (полновремен евангелизатор), и од него ја набавив книгата Вистина која води до вечен живот. Уште од самиот почеток го препознав звукот на вистината.

Конечно, бев поканета да учествувам во делото на проповедање, но ме обземаше страв од луѓето. Додека одев од врата до врата, му се молев на Јехова подобро да умрам отколку да проповедам. Кога првпат учествував во сведочењето на улица, се скрив во еден тесен сокак, надевајќи се дека никој нема да ме види. На крај, собрав доволно храброст за да му понудам списание на еден минувач, и дури тогаш успеав да кажам нешто. Тој ден, со Јеховина помош, мојата библиски темелена надеж ја споделив со голем број луѓе.

Денес, после 12 години, иако сум материјално сиромашна, сѐ уште високо ја ценам предноста на пионерската служба и понатаму црпам неизмерна радост од споделувањето на вистината за Царството со другите.“