Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Дали сте знаеле?

Дали сте знаеле?

Дали Исус со право ги нарекол разбојници трговците што продавале животни во храмот во Ерусалим?

ВО БИБЛИСКАТА книга Матеј пишува: „Исус влезе во храмот и ги истера сите што продаваа и купуваа во храмот, и им ги испреврте масите на менувачите на пари и клупите на продавачите на гулаби. И им рече: ’Напишано е: „Мојот дом ќе се вика дом на молитвата“, а вие од него правите разбојничка пештера!‘“ (Мат. 21:12, 13).

Еврејските историски записи покажуваат дека храмските трговци ги искористувале муштериите така што поставувале неразумно високи цени. На пример, Мишната (Керитот 1:7) открива дека во првиот век од н.е. два гулаба чинеле и до еден златен денар. Еден работник требало да работи 25 дена за еден златен денар. Сиромашните можеле да принесуваат како жртва гулаби или грлици. Но, дури и овие птици станале прескапи (3. Мој. 1:14; 5:7; 12:6-8). Згрозен од тоа, рабинот Симеон бен Гамалиел го намалил бројот на задолжителни жртви. Веднаш потоа, цената на два гулаба станала стопати пониска.

Очигледно, храмските трговци биле алчни и ги искористувале купувачите. Значи, Исус со право ги нарекол разбојници.