Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Кога љубовта е слепа

Кога љубовта е слепа

Кога љубовта е слепа

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО ШПАНИЈА

ЗАМИСЛЕТЕ СИ дека барате невеста, но Вие сте многу кратковид а девојките што ви одговараат се осмелуваат да излезат надвор дури откако ќе падне мрак. Таква мака има мажјакот на молецот император. Меѓутоа, овој елегантен инсект поседува извесни карактеристики кои го олеснуваат ваквиот тежок предизвик.

Во текот на летните месеци, нашиот кандидат за женење ги минува деновите како дебела гасеница која лакомо ја проголтува сета храна што може да ја најде. Затоа, следната пролет, кога ќе излезе од својот кожурец, овој раскошен молец има складирано доволно храна за да му трае во текот на целиот негов живот кој е многу краток.

Кога му е решен проблемот со храната, молецот император може да се сконцентрира на задачата да си најде брачен другар. Меѓутоа, да не беше корисниот инструмент што го носи со себе, наоѓањето женка под светлост на месечина би било исто толку тешко како да се бара игла во стог сено.

Од малата главичка на молецот излегуваат две антени кои личат на нежни папрати. Овие мали израстоци можеби се најпрефинетите инструменти за откривање мирис што постојат на земјата. Освен тоа, тие се прецизно наместени за да ги откријат ситните траги од феромонот, односно „парфемот“, што женката на молецот услужливо го испушта.

Иако има малку женки кои се многу оддалечени една од друга, нивниот јак феромон дејствува како мирислив светилник. Антените на мажјакот на молецот се толку осетливи што можат да откријат женка која е оддалечена речиси 11 километри. На тој начин, сите препреки конечно се совладани и момчето молец се сретнува со својата девојка. Во светот на инсектите, љубовта може да си дозволи да биде слепа — барем во овој случај.

Божјето творештво изобилува со вакви фасцинантни детали и извонреден дизајн! Псалмистот напишал: „Колку се многубројни делата Твои, Господи! Сѐ си направил премудро“ (Псалм 103:24).

[Извор на слика на страница 30]

© A. R. Pittaway