Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ПЕСНА 70

Барајте ги достојните!

Барајте ги достојните!

(Матеј 10:11-15)

  1. 1. За службата упатства Исус ни дал,

    го поучил секој од нас: 

    „Внимателно барај ги луѓето кои

    чувствуваат духовен глад.

    На сите посакај им најпрво мир,

    а достојните поучи ги.

    А кога одбиваат луто, со гнев,

    тогаш мирно замини си ти“.

  2. 2. А тој што те прима со исправен став,

    го прима Господарот наш.

    Штом има отворено срце кон Бог,

    да му служи ќе посака сам.

    Не грижи се што ќе му зборуваш ти, 

    ќе те води Јехова во сѐ.

    Одговорот љубезен, секогаш благ,

    за понизните привлечен е.