Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ПЕСНА 6

Небесата ја објавуваат Божјата слава

Небесата ја објавуваат Божјата слава

(Псалм 19)

  1. 1. Небесата Јехова Бог го фалат,

    со свои раце тој

    ги растегнал над нас.

    И секој ден е за негова чест,

    во темна ноќ за сета моќ

    го слават ѕвездите.

  2. 2. И законот од Бог е толку мудар,

    ни дава поуки

    и водство, совети.

    Неговата Реч е радост за нас —

    во очи сјај, за душа рај,

    од медот послатка.

  3. 3. А почитта кон Бог ќе трае вечно.

    Тој дал опомени

    од злато повредни.

    Го чува нашиот живот со нив.

    Од век до век ќе биде свет

    Јехова Бог за нас!