1. Летописи 13:1-14

13  Давид се советуваше со илјаданачалниците, со стотниците и со сите водачи.+  И Давид ѝ рече на целата заедница* на Израел: „Ако ви е по волја вам и ако му е прифатливо на Јехова, нашиот Бог, да испратиме гласници кај нашите браќа што останаа по сите краишта на Израел,+ а исто така и кај свештениците+ и кај левитите+ во нивните градови+ со пасиштата, за да се соберат кај нас,  па ќе го пренесеме кај себе ковчегот+ на нашиот Бог“. Зашто, во времето на Саул не се грижеа за него.+  И целата заедница рече да се направи така, зашто тоа беше исправно во очите на целиот народ.+  Така Давид го собра целиот Израел+ од реката Египет+ до влезот во Емат+ за да се донесе ковчегот+ на вистинскиот Бог од Киријат-Јарим.+  Давид и целиот Израел тргнаа во Ваала,+ односно во Киријат-Јарим, кој е во Јуда, за оттаму да го донесат ковчегот на вистинскиот Бог, кој го носи името Јехова кој седи над херувими.*+  Ковчегот на вистинскиот Бог го ставија на нова кола+ за да го одвезат од куќата на Авинадав, а Уза и Ахио+ управуваа со колата.  Давид и целиот Израел многу се веселеа+ пред вистинскиот Бог, пеејќи+ и свирејќи на харфи,+ на псалтири,+ на дајриња,+ на чинели и на труби.+  Кога дојдоа до гумното на Хидон,+ Уза посегна со раката за да го придржи ковчегот,+ зашто говедата за малку ќе го превртеа. 10  Но тогаш Јехова пламна од гнев против Уза и го удри затоа што посегна со раката и го фати ковчегот,+ така што умре таму пред Бог.+ 11  И Давид се разгневи+ затоа што Јехова во својот гнев го уби Уза. А тоа место го доби името Ферес-Уза,* кое го носи до ден-денес. 12  Во тој ден Давид се уплаши од вистинскиот Бог+ и си помисли: „Како ќе го донесам кај себе ковчегот на вистинскиот Бог?“+ 13  И Давид не го пресели ковчегот кај себе во Давидовиот град, туку го смести во куќата на Овид-Едом+ од Гат.+ 14  И ковчегот на вистинскиот Бог остана три месеци во домот на Овид-Едом,+ во неговата куќа. И Јехова го благослови+ домот на Овид-Едом и сѐ што имаше.

Фусноти

Хебрејски: кахал. Види ја фуснотата за 2Мо 12:6.
Херувими се ангели на висока положба.
„Ферес-Уза“ значи „излив [на гнев] врз Уза“.